Книжевност

Творештвото на Јовановска, портрет и промоција

Поезијата и прозата на Оливера Јовановска се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.
 |  инфодеск  | 
Библиотека

Поетско – литературна средба со творештвото на авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.

Оливера Јовановска

Попрецизно, во Охрид во Прличевата одаја промоторите – поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ , „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска, потенцираат од Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни – стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top