Свет Archive



Aug 19, 2021

СЗО тврди дека не е потребна трета доза вакцина

Моменталните податоци не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина против ковид19, рече денеска главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Соумуа Сваминатан. Зборувајќи за дополнителните вакцини кои се даваат во богатите земји советникот во светската организација Брус Ајлвард рече дека на светот има доволно вакцини, но тие не се на вистинското место и по вистинскиот редослед. Тој додаде дека две дози треба да им се дадат на најзагрозените низ светот пред да се тргне во давање на трета доза на они кои се потполно вакцинирани. Од СЗО истотака нагласија и дека делта…

Aug 18, 2021

„Фајзер“: Третата доза на нашата вакцина е ефикасна против делта-сојот

„Фајзер“ ги достави првите податоци за ефективноста на третата доза на вакцината до Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Од „Фајзер“ тврдат дека нивната трета доза на вакцината, како дополнителен засилувач на имунитетот е поефикасна против многу позаразниот делта-сој на коронавирусот, според првите податоци од студијата што биле доставени до американската ФДА. Податоците што ги видовме досега сугерираат дека третата доза на нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела, што значително го надминува онаа што се јавува по примените две дози – рече шефот на „Фајзер“, …

Aug 17, 2021

Турција гради ѕид на границата со Иран за да спречи бегалци од Авганистан

Турција почна со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си. Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција. Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив. Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.

Aug 14, 2021

Пристигнува ново продолжение на „Сам дома“

Околу 31 година откако Кевин Мекалистер првпат остана сам дома во оригиналниот филм „Сам дома“, платформата „Дизни плус“ ќе прикажува нова верзија на филмот. Платформата премиерно ќе ја прикаже новата верзија од филмот на 12 ноември.Во филмот, наречен „Home sweet home alone“, ќе биде раскажана приказна за Макс Мерсер, кој ќе остане дома откако неговото семејство ќе отиде на патување во Јапонија. Во меѓувреме, крадци ќе се обидат да влезат во куќата на Мерсер. Во филмот играат Ели Кемпер, Роб Дилејни, Крис Парнел и Кинан Томпсон.

Aug 14, 2021

ТРАГЕДИЈА НА ФЛОРИДА: Дете ја застрелало својата мајка

Страшна несреќа се случи на Флорида кога дете ја застрелало својата мајка во главата. Дете пронашло наполнет пиштол во нивниот стан и пукало во жената додека била на повик на Зум поврзан со работата, соопшти полицијата. Колешката што разговарала со загинатата Шамаја Лин (21) слушнала силен звук, а веднаш потоа ја видела мајката како паѓа наназад. Во истиот момент, таа повикала брза помош и им рекла на диспечерите дека мисли дека Шамаја е погодена, пишува „Дејли Меил“. По истрагата, детективите изјавија дека детето на Лин пронашло наполнет пиштол што му припаѓал на неговиот татко, и дека т…

Aug 13, 2021

Човекот кој уби петмина во Англија бил опседнат со американско оружје

Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвисон, млад човек 20-на години. Полицијата објави дека напаѓачот бил пронајден мртов на лице место и дека имал прострелна рана, но неговиот идентитетот сеуште не е официјално потврден. Иако живеел во Плимут, на неговата Фејсбук страница било наведено дека потекнува од американскиот град Феникс. Тој го поддржувал поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи и споделил бројни статуси за истражување на вселената. Наводно, тој работел за компанија која објави отка…

Aug 12, 2021

808 смртни случаи во Русија за еден ден

Русија регистрира 808 смртни случаи поврзани со коронавирусот за еден ден, соопштија денеска властите. И покрај намалувањето на бројот на нови инфекции, Русија со недели бележи висока стапка на смртност кај болните. Речиси 22.000 нови случаи на инфекција денеска се пријавени на национално ниво, а варијантата делта брзо се шири меѓу населението.Според најновите податоци, нешто помалку од 27 проценти од 146 милиони жители примиле барем една доза од вакцината. Досега, околу 168.000 луѓе починале од Ковид-19 во Русија.

Aug 12, 2021

НАЈНОВА ВЕСТ: Јахта потона кај грчки остров

Јахта со 18 патници потона денеска во близина на егејскиот остров Милос, објави грчката телевизија ЕРТ 1. Според пристанишните власти во Милос, несреќата се случила 16 наутички милји северозападно од островот. Во спасувачката операција биле спасени сите 18 патници, а станува збор за јахта долга 30 метри, на која било истакнато знамето на Велика Британија. Пристанишната служба на Милос информираше дека хеликоптери од грчкото воздухопловство и морнарицата биле на местото на настанот, а во спасувачката операција учествувале и чамци на крајбрежната стража, како и рибарски бродови. Забележан…

Aug 12, 2021

Хакери вратија 260 милиони долари во криптовалути кои ги украле

Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, пренесува Ројтерс. Поли нетворк, децентрализирана финансиска платформа која посредува во „пиер ту пиер“ трансакции, објави вест дека е хакирана на Твитер, наведувајќи детали за дигиталните пари во кои биле испратени токените. Вредноста на имотот во пари била нешто над 600 милиони американски долари во времето на објавувањето. Поли нетворк подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, навед…


© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top