Николче Мицевски
Фев 24, 2022
Мак музика

„Time“ ново ремек дело на Николче Мицевски

По фантастичниот прв сингл “Круг” нашиот композитор Николче Мицевски го промовираше и својот втор  сингл насловен „Тиме“ кој е дел од неговиот албум “NEW ERA”.Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски, а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески.  „Time“ е инструментална композиција во синематик/етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слу…

Фев 9, 2022
Оскар 2022

„Моќта на кучето“ на врвот со 12 номинации за Оскар

Готскиот вестерн на Џејн Кемпион „Моќта на кучето“ ги предводеше номинациите од 94-тото доделување на Оскарите, каде стриминг услугите повеќе од кога било досега ги зафатија врвните почести на Холивуд.Во номинациите објавени во вторникот, филмот на Кемпион доби водечки 12 номинации, вклучително и награди за најдобар филм, најдобар режисер и сите негови актери: Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст, Џеси Племонс и Коди Смит-Мекфи.Кемпион, номинирана за „Пијано“ од 1993-та година, стана првата жена што некогаш била номинирана двапати за најдобра режисерка. Минатата година, Клое Жао стана …

Горјан Тозија
Јан 13, 2022
In memoriam

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“.Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Junior Eurosong
Дек 19, 2021
Детска Евровизија

Македонија на 9-то место, Ерменија победи на Јуниор Евросонг

Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија 9-то место.Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Песната „Green Forces“ на нашите претставници доби 114 поени.Дванаесет поени ни додели Албанија, а 12 поени од македонското жири заминаа кај Русија.Песната на Малена „Qami Qami“ со вкупно 224 поени, заврши на првото место.Настапот може да го погледнете на следниот линк

Дек 2, 2021

ТАЖНА ВЕСТ: Почина актерот Славиша Кајевски

Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.-Не’ остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од ср…

Мај 25, 2020

Од 258 тестирања, регистриран е 21 нов случај на Ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 7 – Куманово 2 – Прилеп 2 – Велес 2 – Гостивар 1 – Крива Паланка 1 – Пехчево 1 – Берово 1 Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19. – Скопје 12 – Куманово 3 – Штип 1 – Тетово 5 Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на акт…

Мај 24, 2020

Пациентот на кого му беше трансплантирано срце во добра состојба

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце. „Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонск…

Мај 22, 2020

Владата пресече, полицискиот час ќе трае од недела во 11 до вторник во 5 часот наутро за празничниот викенд

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top