Саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“

Откако беше објавено во рубриката „Ти си твојот град“, веднаш е саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“. Станува збор за бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не беше вратена во првобитната состојба и беше оставена со нерамнини и дупка. Жителите се задоволни од брзата реакција на надлежните. Ви благодарам на вашата заинтересираност и реакција. Благодарност и до службите на локалната власт во Охрид. Екпресно го санираа проблемот – вели Стојче Тасески, кој ни ги испрати сликите.  

Continue reading

Дупки и нерамнини околу бандера на улицата „Егејска“

Стојче Тасески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не е вратена во првобитната состојба. Еве го неговиот коментар. Се работи за бандера за улично осветлување. На нејзино место имаше бетонска бандера која се искриви и мораше да биде заменета за нова. При заменувањето беше ископана дупка и беа растргани бекатон плочките. Сега е поставена нова бандера, но не се поставени бекатонките одоколу, се разместуваат и другите одоколу (се отвараат нерамнини и дупка). Надлежна фирма мислам дека е фирмата...

Continue reading

Св. Богородица-Заум

Црквата Св. Богородица-Заум се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место, но е доста посетувана од Охриѓани и гостите. Во рубриката „Ти си твојот град“, Теодора Нанеска ни испрати слики од ова прекрасно свето место. Убавина која не се опишува со зборови. Прекрасно место, каде што ќе најдете душевен мир и спокој. Сликите ги направивме од чамец, па може да се види и преубавата боја на нашето езеро – вели Нанеска.

Continue reading

(ФОТО) Светиклиментовото училиште

По повод празникот Св. Климент Охридски, Виолета Карадимче Јанева за „Ти си твојот град“ испрати слики и текст со кој ќе не врати назад низ годините и ќе не потсети на едно убаво време. „Учителу наш, допушти твоите ученици да бидат подобри од тебе, но направи им го тој пат што потежок со Твојата огромна мудрост.“ – Венко Андоновски Во време кога светската пандемија длабоко го промени целокупниот живот, бараме разни начини за релаксација. Прошетките, посебно крај брегот на “Белото езеро”, се лек за сечија душа. А погледот кон Калето секогаш запира на една посебна градба која доминира над старото...

Continue reading

Лабино-Една од најатрактивните Охридски плажи

Виолета Стојаноска за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од една од најатрактивните охридски плажи, Лабино.  -Прекрасен ден за прошетка по Охридското езеро. Шетајќи, наидовме на прекрасна глетка кај плажата Лабино која важи за една од најубавите охридски плажи. Лабино беше исполнета со голем број на туристи кои уживаа на плажата. Оние кои не го посетиле ова место, веднаш нека го направат тоа, навистина има што да видат. Инаку, сликите се направени од чамец – вели Стојаноска.

Continue reading

Тротоарите на Булевар АСНОМ небезбедни за движење

Александар Карадимче ни испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“, преку која реагира на несовесните граѓани кои паркираат каде што ќе им текне. Ова е неговиот коментар: Знам дека има многу слични ситуации со паркирање на тротоар, но ова е претерано. Не можеме безбедно да се движиме по тротоарите на Булевар АСНОМ во Охрид – вели Карадимче.

Continue reading

Пауните се жив украс на Св. Наум

Манастирскиот комплекс Св. Наум е опкружен со божествена природа и зрачи со убавина, култура, историја и традиција. Св. Наум е место кое ќе ве восхити со неговата убавина, а таму ќе најдете и душевен мир.  Манастирот го красат и преубавите пауни или рајски птици кои се сметаат за симбол на христијанството и кои ги има во изобилство. Криковите на овие горди птици со шарени пердуви се слушаат многу далеку. Токму нив ги имаме во „Ти си твојот град“, а сликите ни ги испрати Воскре Јосифоска.

Continue reading

Повторно автомобил во Охридското езеро

Уште една интересна атракција за оваа туристичка сезона во нашиот Охрид. Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од педалинка, со маска на популарната фолксваген БУБА, во водите на Охридското езеро кај Горица прва.

Continue reading

Како се „паркираат“ во мојот град?

Никола Дуданов во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати слика од непрописно паркирано возило во центарот на Охрид.  Како се „паркираат“ во мојот град? – прашува нашиот сограѓанин.

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top