ЕУ знаме
Мар 15, 2022
Русија-Украина конфликт

ЕУ воведува нови санкции против Русија

Европската унија утрово официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска. Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот. Санкциите се насочени кон 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“. Санкциите се проширени на клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го туркаат наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина, како и на клучните компании во воз…

Мар 15, 2022
Русија-Украина конфликт

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа за Украина

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фјала на социјалните мрежи. Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина – рече тој. Целта на оваа посета, како што додаде, е исто така е да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.

Русија телевизија протест војна
Мар 15, 2022
Протест

Исчезна руската новинарка која протестираше среде емисија

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си. Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак. Знакот, јасно видлив на неколку секунди, гласеше: „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Сега не се знае каде се наоѓа уредничката. Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер дека не може да го…

Мар 15, 2022
Паника на аеродром

Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва

Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта. Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), четата за антидивер…

Киев експлозии
Мар 15, 2022
Руско- украинска војна

Гранатирани две станбени згради во Киев

Денеска, на 20-тиот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади, соопштија украинските служби за итни случаи. Приватна куќа во Осокорски, област источно од центарот на градот е погодена од гранатирање утрово непосредно пред 6 часот по локално време. Во двокатницата избувнал пожар, но набрзо бил изгаснат. Набргу по ова гранатирање, погодена е десеткатница во Подил северно од центарот на градот, при што пожар зафатил пет ката од зградата. Во меѓувреме, градската управа на Киев состави список …

Мар 14, 2022
Преговори за примирје

Четврта рунда руско-украински преговори

Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак. Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – изјави Подољак, а пренесуваат британските медиуми. Укр…

Мар 7, 2022
Херој или шпион

Украински преговарач убиен во Киев

Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс. Тие загинаа бранејќи ја Украина – се наведува во соопштението. Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија. Киреев е осомничен дека е руски шпион, а медиумите наве…

украински дрон
Мар 13, 2022
Инцидент со украински дрон

Дронот што падна во Загреб имал авиобомба

Пронајдени се траги од експлозиви и траги кои сугерираат дека дронот што се урна во Загреб не е извидувачки авион, изјави хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Тој додаде дека истрагата влегува во завршна фаза.  Во почетокот на истрагата дознавме дека одредени фрагменти содржеле експлозив и дека треба да се пристапи кон повнимателен начин за отстранување на леталото и да се елиминира ризикот од трагичен настан – рече министерот. Баножиќ потврди дека е пронајдена црната кутија и дека се очекува од неа да се извлечат податоци за летот. Ќе го споредиме ова со другиот дел од …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top