пожар на трска
Мар 15, 2022
Екологија

Опожарена трска кај Калишта

На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.

struga stanovi
Мар 11, 2022
Економија

Пораснаа цените на становите во струшко

Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градеж…

Багер на каменолом во Лабуништа
Мар 14, 2022
Екологија

Работат каменоломите во Лабуништа, се најавуваат протести

По двегодишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, деновиве се врши ископување и експлоатација. Со години еколозите бараа затворање на каменоломите, кои поради минирање и ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.Мештаните бараат итно да се стопира, во спротивно повторно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и граѓанска непослушност. Се што се работи на терен бараме во најкраток рок да се забрани, односно да се стопира. Ова го апелираме за да не дојде повторно до несакани после…

муниција за сигнален пиштол
Мар 11, 2022
СВР Охрид

Пронајдени 100 куршуми кај лице од Дебар

На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Мар 7, 2022
Јавен ред

Стружанец дивеел пред локал

На 06.03.2022 година во 23.50 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување извршено од И.М.(33) од Струга.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

сообраќајка
Мар 11, 2022
СВР Охрид

Двајца повредени во сообраќајка кај Струга

Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Струга Дрим
Мар 10, 2022
Економија

Пораснаа цените на становите во струшко

Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување. Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градежните …

полициска лента
Мар 10, 2022
СВР Охрид

Стружанец пронајден починат во својот дом

На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.  При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top