Спорт Archive



Aug 13, 2021

АС: Мбапе очекува да го напушти ПСЖ овој месец

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе очекува да го напушти тимот во август, пренесува „AС“. Според шпанскиот спортски весник, 22-годишниот Французин не планира да го продолжи договорот со тимот. Тој има лоши односи со спортскиот директор Леонардо. Се известува дека поради ова, преговорите за нов договор со играчот ги води претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој наскоро ќе се обиде да го убеди да остане во тимот. Се очекува самиот фудбалер да не се согласи со предлозите на Ал-Келаифи. Во тековната сезона 2021/22, Мбапе одигра еден натпревар и направи една асистенција. Порталот …

Aug 9, 2021

Меси пристигна во Париз, наскоро потпис за ПСЖ

Лионел Меси е веќе во Париз и во следните неколку часови ќе треба да комплетира договорот со тимот на ПСЖ, јавува „Лекип“. Аргентинецот вчера имаше емотивна разделба од Барселона, а веќе денеска би можел да потпише. Промоцијата би можела да се случи утре на Ајфеловата кула, која е закупена од страна на ПСЖ. Договорот ќе биде на 2+1 година, а од тој договор Меси би требало да заработи некаде околу 120 милиони евра.

Jul 8, 2021

Серхио Рамос е нов фудбалер на ПСЖ

ПСЖ и официјално го потврди Серхио Рамос за нивни нов фудбалер, тој стави потпис на договор до јуни 2023 година.  Легендарниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос во наредните две години ќе го носи дресот на ПСЖ. „ПСЖ со задоволство може да го соопшти пристигнувањето на Серхио Рамос во составот. Шпанскиот централен дефанзивец потпиша двегодишен договор и се обврза со клубот од главниот француски град до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на ПСЖ. Рамос вели дека е многу среќен што ќе биде дел од проектот на ПСЖ. „Многу сум среќен што дојдов во ПСЖ. Ова е голема промена во мојот живот, н…

Jun 22, 2021

Ангеловски се збогуваше, Милевски фаворит за нов селектор

Поразот од Холандија на ЕП беше последен и за Игор Ангеловски, по пет и пол години на селекторската функција. Популарниот Мрме на социјалните мрежи го потврди своето заминување по истекот на актуелниот договор на 31 јули и најави дека е време за нови предизвици. – Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО.–изјави Ангеловски. Ангеловски ќе остане запаметен како селектор со најдолг стаж на клупата и најдобар по…

Jun 22, 2021

УЕФА забрани виножито осветлување на стадионот во Минхен

УЕФА го одби барањето на Минхен, стадионот во германскиот главен град на натпреварот Германија и Унгарија да биде во боите на ЛГВТ заедницата, во знак на солидарност и еднаквост. УЕФА го одби барањето на Минхен, стадионот во германскиот главен град на натпреварот Германија и Унгарија да биде во боите на ЛГВТ заедницата, во знак на солидарност и еднаквост. ,,УЕФА е политички и религиозно неутрална организација“, кажаа од европското фудбалско тело во соопштениото во пресрет на натпреварот во среда. УЕФА се соочи со многу критики откако размислуваа да го казнат германксиот голман Ман…

Jun 12, 2021

УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба

Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и неговите соиграчи. Ериксен се чувствува добро, свесен и комуницира во болницата. Со него се неговата сопруга и татко му, изјави менаџерот на данскиот фудбалер, Мартин Шутс кој во интервју за радиото НПО 1 ја откри состојбата на данскиот репрезентативец, кој попладнево колабира на теренот за време на натпреварот во Копенхаген во рамки на Европското ф…

Jun 12, 2021

Грен слем податок според кој Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

Со пласманот во финалето на Ролан Гарос, најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на грен слем натпреварувањето и дефинитивно покажа дека е најдобар на сите времиња. Српскиот ас е првиот тенисер кој има шест или повеќе финалиња на сите грен слем турнири и го престигна Швајцарецот Рожер Федерер, кој остана на второто место на оваа листа. Ноле играше 9 пати во финалето на „Австралија опен“, осумпати на „УС Опен“, 6 пати на „Вимблдон“, додека во недела ќе биде на теренот во Париз по 6-ти пат во битката за трофејот. Потсетување дека негов ривал во финалето во фран…

Jun 11, 2021

Утрински тренинг на македонските фудбалери во Букурешт

Македонската репрезентација напорно се подготвува за првиот натпревар на Европското против Австрија кој ќе се одигра в недела. Од пред неколку дена нашите репрезентативци се во Букурешт и веќе одржаа неколку тренинг сесии. Денешниот собир на „Националната арена“ беше уште една можност за Игор Ангеловски да ги подготви своите избраници за она што следува. Кога не се на терен, македонските фудбалери прават видео-анализи на противниците во групната фаза. Засега завршните подготовки се одржуваат без никаков проблем, што се надеваме дека ќе биде случајот и во текот на утрешниот ден. …

Jun 11, 2021

Започнува Европското Првенство

Вечерва во Рим со мечот меѓу Турција и Италија започнува Европското фудбалско првенство на кое во недела ќе дебитира Македонија.  Во 21 часот на стадионот Олимпико во Рим, судијата Дани Макели ќе го означи стартот на мечот меѓу Турција и Италија, топката ќе почне да се тркала на 16. Европско фудбалско првенство.   Континенталниот собир започнува со една година задоцнување поради пандемијата на ковид-19, ова ЕП е поразлично од претходните поради повеќе работи, а за нас е посебно важно бидејќи Македонија дебитира на него.   Македонската фудбалска репрезентација првиот натпревар го и…


© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top