Мар 14, 2022

Во јануари најбројни домашните гости

Во јануари годинава Македонија ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9 отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1 отсто странски туристи. Од остварените ноќевања 56,5 отсто ги направиле домашните туристи, а 43,5 отсто странските туристи. Притоа бројот на домашните туристи во јануари 2022 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 19,5 отсто, а на ст…

Мар 14, 2022

Цените на горивата нема да поевтинат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година, велат од РКЕ.Ова се актуелните цени на горивата кои продолжуваат да важат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/лит…

Мар 14, 2022

Урбанистички планови за Косел, Рамне и Сирула

Општина Охрид согласно Законот за урбанистичко планирање има отпочнато постапка за донесување на Урбанистички план за село Косел, Урбанистички план за село Рамне и Урбанистички план за село Сирула.Врз основа на член 44 став (4) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ 32/20) објавуваме ИЗВЕСТУВАЊА за навремено информирање на сопствениците на цитираните катастарски парцели по повод програмираното проширување на планските опфати во споредба со опфатите од претходната важечка документација или формирање на нови плански опфати – информираат од Локалната Самоуправа.Повеќе…

Мар 14, 2022

ООУ „Св. Климент Охридски“ дел од проектот „Македонија 2025“

ООУ „Св. Климент Охридски” врз основ на поднесена апликација стана едно од десетте училишта во Македонија кое е избрано и ќе биде дел од проектот „Македонија 2025“, чија цел е мотивирање и поддршка на млади девојки за избор на образование и кариера во некоја од областитет на STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics).Во заедничката соработка е планирано да има мотивациски предавања од врвни македонски жени ( од земјава и дијаспората) стручни од областите на СТЕМ, спроведување на истражувања, стручни обуки за 1- 2 наставници – информира Јордан Пуроски, директор на ООУ „Св….

Мар 14, 2022

Одржан настанот “Родот во мојата професија”

По повод меѓународниот ден на жената во НУЦК „Григор Прличев” беше одржан мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија”. Под тезата дека борбата за женски права е секојдневна борба и дека еднаш зададените права се секогаш под ризик да бидат повторно одземени, како и тоа дека од позиција на привилегирани, имаме должност да се застапуваме за родовата еднаквост и за оние со помали привилегии, беше одржана трибина и интерактивна дискусија под истоимениот наслов, а како излагачи се претставија : Весна Ѓоршеска Кoцевска инфлуенсер; Мерсиха Исмајлоска, универзитетски професор; Кристина Т…

Мар 14, 2022

Театар Провокација од Скопје ќе гостува во Охрид

Театар Провокација од Скопје оваа сабота ќе гостува во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со Театарската претстава „РАЗВЕДИ МЕ / ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“ во режија на Роберт Ристов. Претставата е со почеток во 20.00 часот, а картата ќе чини 200 денари.Претставите, ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ, се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО со наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА”. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата. Времетраење: 75 мин. Жанр : Романтична комедија.Двете претстави на ниво на фабула се не…

Мар 14, 2022

Санкционирани возачи во Охрид кои ја надминале дозволената брзина

На 13.03.2022 година, при спроведени засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 18 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (07-надвор од населено место, 11-во населено место).Во Кичево, кај 02 возачи констатирано е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.

Мар 13, 2022

Завршија проекциите на документарниот филм за Белчишко блато

Завршија бесплатните проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“ кое Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ги организираше во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“.Неколку стотини охриѓани во текот на изминативе денови, уживаа преку филм во незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот го отвори претставник од општина Дебрца, Ангел Секулоски кој го нагласи значењето на овој уникатен екосистем и неговото прогласување за заштитено подрачје.Радува фактот што интерес покажаа и најмладите охриѓанчиња ко…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top