Операција на тумор
Сеп 14, 2021
Здравство

Отстранет тумор кај 17 годишно момче

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица.Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат п…

ИНТЕГРА избори 2021
Сеп 12, 2021
Избори 2021

ИНТЕГРА ќе учествува во 30 општини на локалните избори

ИНТЕГРА на фејсбук објави дека ќе учествува во 30 општини од кои со 27 свои листи и 3 пилот модели со поддршка, доминантно во општини со над 10.000 жители.Со кандидати за градоначалници (свои кандидати, независни кандидирани од ИНТЕГРА и пилот поддршка на независни и кандидати од други партии/коалиции) учествуваме во 15 општини.Советнички листи на ИНТЕГРА:1. Скопје 2. Аеродром 3. Кисела вода 4. Карпош 5. Ѓорче Петров 6. Бутел 7. Газибаба 8. Крива паланка 9. Ранковце 10. Куманово 11. Старо нагоричане 12. Берово 13. Делчево (спорна листа) 14. Штип 15. Велес 16. Прилеп 17. Битола 18. Кав…

Пожар во болницата во Тетово
Сеп 11, 2021
Здравство

Серија оставки од морални причини за пожарот во Тетово

Од морални причини оставка по пожарот во ковид болницата во Тетово поднесоа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми. Во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти, а истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.Филипче на кратка прес- конференција во Владата порача дека од денот на почетокот на пандемијата до денес пред граѓаните секогаш стоел транспарентно соопштувајќи ги и добрите и лошите вести, а притоа никогаш не бегал од критика и не останал должен на одговор. Никог…

Пожар Велес
Сеп 11, 2021
Пожар Велес

Пожарот кај Велес сеуште активен

Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и натаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектари и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.Моментално на терен е екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п. Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу же…

УЈП
Фев 11, 2022
УЈП

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за 44 од претходната листа). Вкупно обј…

Ковид 19
Сеп 11, 2021
Ковид 19

609 нови случаи на коронавирус, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани с…

Ковид 19-Грција
Сеп 10, 2021
Ковид 19

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест,како и пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување кај јужниот сосед, додека пак за оние кои не се вакцинирани или не прележале и патуваат со негативен тест, а доаѓаат од 16 конкретни земји меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани на влезните точки.Согласно новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19″ што веќе објавена во Службен вес…

Модуларна болница Охрид
Сеп 9, 2021
Ковид 19

256 новозаразени, 31 починат од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на ковид19. Од нив во Скопје – 160 и во Куманово – 32, а во неколку други градови има по едноцифрена бројка новозаразени.Пријавени се 31 починато лице: девет од Скопје, шест од Гостивар, по три лица од Тетово, Куманово и Струмица, две од Кичево и по едно од Битола, Велес, Гевгелија, Дебар и Македонски Брод. Најмладиот починат е на 18 години од Гевгелија, а меѓу починатите има и на 38, 46 и 49 годишна возраст. Од пријавените 27 се починати во болнички услови и …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top