minimalna_plata
Мар 9, 2022
економија

Курсот на денарот е стабилен

Kурсот на денарот останува стабилен. Народна банка на Македонија денеска одржа седница на Комитетот за финансиска стабилност. Од таму, преку соопштение информираа дека стабилноста на денарот е гарантирана, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.Од Народна банка на Македонија уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните регулатори, како што се наведува во со…

утринава најстудено на Попова Шапка
Мар 9, 2022
временска прогноза

Утринава најстудено на Попова Шапка, -14 степени

Најстудено утринава било на Попова Шапка. Измерени се -14 степени.Потоа следуваат Маврови Анови, Kрушево со -10, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка и Претор, -4 во Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Виница. -3 Скопје Петровец, Куманово, -2 Скопје Зајчев Рид, Штип, -1 Струмица, 0 Демир Капија, Дојран, 1 Гевгелија.Во Попова Шапка измерени се 72 сантиметри снег, по што следуваат Крушево 66 сантиметри, Маврови Анови 57 сантиметри, Ѓуриште 35 сантиметри, 26 сантиметри во Пожаране, 10 во Битола, 1 во Берово.Времето денеска променливо облачно и студено со умерен ветер, а вдолж Поварадрието поврем…

vlada na R.Makedonija
Мар 4, 2022
Влада

Македонија има резерви на нафтени деривати и жито

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата.Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително, Владата уште еднаш ги …

zito i brashno
Мар 4, 2022
економија

Доволно резерви на нафтени деривати и жито во земјава

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат.Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не …

Мар 2, 2022
донација ковид центри

Комодита донираше душеци и перници

Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија.Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите.На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин Харитон Гаџоски, …

harkov_napad
Мар 1, 2022
МНР

Бебето од Харков тргна за Македонија

Бебето  старо само неколку дена, што беше  заглавено со своите родители во Харков, каде во моментов се водат најголемите борби, тргна на пат за дома. Мајката за Телма потврди дека се приклучиле на конвојот што треба да ги изнесе од Украина.Семејството не можело да го послуша повикот на МНР да се извлечат од Украина пред инвазијата, затоа што чекале термин за породување. Бебето се родило само два дена пред почетокот на нападите. Евакуација чекаат уште 50 наши државјани, од кои 20 се во Киев, а останатите се во други градови.Од МНР им порачуваат на нашите државјани дека е договорено со ко…

Фев 18, 2022
Влада

Во Владата денес почнува дијалог за зголемување на пензиите

Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.

Јан 20, 2022
МВР

Откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај. Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за у…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top