Автор:

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со полни раце работа

Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота во Охрид и околината. Се изврши ггенерално чистење на улиците „Железничка“ и „15-ти корпус“.Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.Расчистена е и уште една мапирана дива депонија во близина на село Велгошти.Подигнати се големи количини тешко разградлив...

Continue reading

Намален водостојот на Охридското Езеро за еден сантиметар

Post Views: 12 За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното и тоа за 1,69 метри е и нивото на Преспанското Езеро, кое е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период...

Continue reading

Во јануари најбројни домашните гости

Post Views: 2 Во јануари годинава Македонија ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9 отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1 отсто странски туристи. Од остварените ноќевања 56,5 отсто ги направиле домашните туристи, а 43,5 отсто странските туристи. Притоа бројот на домашните туристи во јануари 2022 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за...

Continue reading

Цените на горивата нема да поевтинат

Post Views: 2 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година, велат од РКЕ.Ова се актуелните цени на горивата кои продолжуваат да важат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98...

Continue reading

Урбанистички планови за Косел, Рамне и Сирула

Post Views: 9 Општина Охрид согласно Законот за урбанистичко планирање има отпочнато постапка за донесување на Урбанистички план за село Косел, Урбанистички план за село Рамне и Урбанистички план за село Сирула.Врз основа на член 44 став (4) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ 32/20) објавуваме ИЗВЕСТУВАЊА за навремено информирање на сопствениците на цитираните катастарски парцели по повод програмираното проширување на планските опфати во споредба со опфатите од претходната важечка документација или формирање на нови плански опфати – информираат од Локалната...

Continue reading

ООУ „Св. Климент Охридски“ дел од проектот „Македонија 2025“

Post Views: 29 ООУ „Св. Климент Охридски” врз основ на поднесена апликација стана едно од десетте училишта во Македонија кое е избрано и ќе биде дел од проектот „Македонија 2025“, чија цел е мотивирање и поддршка на млади девојки за избор на образование и кариера во некоја од областитет на STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics).Во заедничката соработка е планирано да има мотивациски предавања од врвни македонски жени ( од земјава и дијаспората) стручни од областите на СТЕМ, спроведување на истражувања, стручни обуки за 1- 2 наставници – информира Јордан...

Continue reading

Одржан настанот “Родот во мојата професија”

Post Views: 4 По повод меѓународниот ден на жената во НУЦК „Григор Прличев” беше одржан мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија”. Под тезата дека борбата за женски права е секојдневна борба и дека еднаш зададените права се секогаш под ризик да бидат повторно одземени, како и тоа дека од позиција на привилегирани, имаме должност да се застапуваме за родовата еднаквост и за оние со помали привилегии, беше одржана трибина и интерактивна дискусија под истоимениот наслов, а како излагачи се претставија : Весна Ѓоршеска Кoцевска инфлуенсер; Мерсиха Исмајлоска, универзитетски...

Continue reading

Театар Провокација од Скопје ќе гостува во Охрид

Post Views: 0 Театар Провокација од Скопје оваа сабота ќе гостува во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со Театарската претстава „РАЗВЕДИ МЕ / ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“ во режија на Роберт Ристов. Претставата е со почеток во 20.00 часот, а картата ќе чини 200 денари.Претставите, ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ, се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО со наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА”. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата. Времетраење: 75 мин. Жанр : Романтична комедија.Двете претстави...

Continue reading

Санкционирани возачи во Охрид кои ја надминале дозволената брзина

Post Views: 5 На 13.03.2022 година, при спроведени засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 18 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (07-надвор од населено место, 11-во населено место).Во Кичево, кај 02 возачи констатирано е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Завршија проекциите на документарниот филм за Белчишко блато

Post Views: 0 Завршија бесплатните проекции на едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“ кое Здружението за екологија и туризам „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид ги организираше во соработка со ТЗЦ „КАМ Вилиџ“.Неколку стотини охриѓани во текот на изминативе денови, уживаа преку филм во незаборавна прошетка низ природата од недопрените предели на блатото. Настанот го отвори претставник од општина Дебрца, Ангел Секулоски кој го нагласи значењето на овој уникатен екосистем и неговото прогласување за заштитено подрачје.Радува фактот што интерес покажаа и најмладите...

Continue reading

Бензините поевтинуваат за 6,50, дизелот за девет денари

Post Views: 5 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари. ОД ПОНЕДЕЛНИК...

Continue reading

Екипи на „Нискоградба“ извршија нивелирање на шахти

Post Views: 3 Одделението за градежно одржување во рамки на своите активности, а по укажување на граѓани изминатите дена изврши подигање и нивелирање на канализациони шахти на ул. Момчило Јорданоски.Ваквите активности во соработка со граѓаните допринесуваат за подигнување на квалитетот на живеење на самите места, како и во општина Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top