Отворена новата канцеларија на „САВА Осигурување“ во Охрид

Незгодите не го бираат времето и местото на случување, одлуката за патување може да биде итно донесена, а вие да немате полиса за патничко осигурување или можеби сакате да знаете што треба да сторите за да го осигурате својот дом. Во САВА осигурување добрата осигурителна услуга не завршува со крајот на работното време.

 |   | 

Свечено отворена новата подружница на „Сава Осигурување“ во Охрид. Подружницата е поместена во новата техничка станица на Авто Мото Друштво. Тука и новите и веќе постоечките клиенти на едно место ќе може да ги завршат сите работи, кога станува збор за осигурувањето, особено за автомобилската асистенција. Посебно внимание се посветува на повозрасните граѓани без проблем и непотребни чекања на едно место да ги завршат сите работи, вели Ристана Николовска – регионален шеф на „САВА Осигурување“.

„Со цел дас е доближиме до нашите клиенти да ја зголемиме премијата, да им олесниме на веќе постоечките клиенти подолго време, така да тука имаат можност да ги завршат сите работи на едно место. Може да се направи технички преглед, во исто време да си земат полиса. Сите услуги ќе им бидат завршени, се што име потребно да се уплати да се однеси, ако треба во банка вирманче значи, посебно за повозрасната категорија на граѓани се трудиме максимално да им се посветиме, да немаат никаков замор, никаков терет“, вели Ристана Николовска – регионален шеф на „САВА Осигурување.

„Сава Осигурување“ во Македонија е членка на големата групација „Сава Ре“ со седиште во Љубљана, Словенија и моментално се вбројува меѓу најголемите реосигурителни компании во Југоисточна Европа, а со своите членки претставува втора по големина осигурителна групација во регионот.

„Ние сме компанија со име и презиме , компанија која во моментов важи за една од подобрите, многу ефикасна во поглед на исплаќање на штетите, која е нашата главна дејност, за секој поризвод кој го продаваме ние купуваме еден одреден ризик, така да клиентите се чуствуваат сигурно и се надевам дека ќе останиме во овој терк затоа што важиме за компанја која најдобро ги сервисира осигураните случаи“, потенцира Ристана Николовска – регионален шеф на „САВА Осигурување.

Инаку главниот фокус на работењето на САВА Осигурување се клиентите и нивното задоволство од услугите, кои САВА Осигурување по суштина на дејноста често ги обезбедува во, за нив, непријатни моменти. Навременото и адекватно сервисирање на штетите претставува примарна цел на работењето, а стратегијата подразбира максимална професионалност во односот со клиентите, континуирана едукација на вработените и долгорочен развој како едно од најквалитетните друштва на пазарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top