• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски

Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски

Градоначалникот Бакрачески ја посети  специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо  Охридски

 |  Валентина Неловска  | 
erazmo

Во тек се градежните зафати врз реконструкцијата, адаптацијата и промените на новиот објект во рамките на специјланата болница за ортопедиај и трауматологија Св.Еразмо Охридски. Обиколка на објектот кој се гради  направија градоначалникот Никола Бакрачески, неговиоте соработници заедно  со првите луѓе на  специјалната болница Св.Еразмо и на Заводот за Кардиологија, д-р Митко Тилев и д-р Изабела Автоска Наумоска.  

еразамо Објектот  е проект на Владат на РМ, но јас како  градоначалник имам обврска да направам увид за да видам како течат активностите  околу изградбата.

„ Ова е една од гордостите на јавниот здравствен систем на РМ. Тука ќе бидат сместени 2 -те најуспешни здравствени установи во јавниот здравствен систем на РМ кои постигнуваат резултати и заслужуваат убави простории.Тоа пак ќе создаде услови за нови постапки  и процедури, за волуменот на работата кој ќе дојде и до проширување на дејностите во давање  услуги на пациентите од поширокиот јужен регион , кажа при посетата градоначалникот Бакрачески.

 Работите течат според предвидениот план кажа и првиот човек на специјалната  болница Св. Еразмо Охридски д-р Митко Тилев.

еразмо„ Работите на градежните активности се во тек и се оди според зацртаните планови. Се  надеваме дека до април 2017 проектот ќе биде реалзиран со што ова ќе стане една болницата каде што ќе се спојат Св Еразмо и заводот за кардологија Св. Стефан , а од пред 9 години тука дојде и специјалната детска болница“, истакна директорот на Св Еразмо д-р Митко Тилев.    

Објектот кој се реконструира и адаптира е со површина од 5600 м квадртани . Од оваа површина  на приземјето отпаѓаат 2200 метри квадратни , на првиот кат 2100 метри кавдратни и на втор кат 1300 матери квадратни. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top