Набиена агенда на охридскиот градоначалник

Градоначалникот Никола Бакрачески денес направи увид на градежните активности на неколку локации во градов.

 |   | 

Со цел да се запознае со динамиката и интензитетот на градежните работи кои симултано се одвиваат на неколку локации низ градов, градоначалникот Никола Бакрачески денес ги посети местата на кои се одвиваат работите на неколку проекти, како од сферата на спортот и урбаното живеење, но и на изградбата на локални патишта. Можеби една од најголемите потреби на охриѓани и секако клучниот момент во развојот на пливањето како спорт карактеристичен за регионт, е изградбата на затворенот пливачки базен.

„Во овој момент се завршени сите работи околу ископите, поставена е дренажа, 6 дренажни бунари, тампонирана е основата на базенот, и според кажувањата на изведувачите во текот на наредниот месец ќе почнат да се изведуваат армирачко бетонирачките акивности и ќе се надзира базенот во Охрид кој ќе биде гордоста на охриѓани заедно со отворениот базен на кој ќе му претстои исто така реконструкција“, изјави Никола Бакрачески – Градоначалник на Општина Охрид.

Исто така градоначалникот денес направи увид и на градежните активности од третата фаза од реконструкција на патеката кај канал Студенчишта. Бакрачески истакна дека ова ќе биде многу атрактивна патека сместена меѓу два канали, бидејќи и малиот канал, кој оди паралелно со каналот Студенчишта ќе биде исчистен и порибен.

„Таа е зона која исто така ќе биде прилагодена за мали пловни објекти, патека за кајчарите, рекреативни пешачки и велосипедски зони, хортикултурно ќе биде уредена, а ќе има и уште една патека за малиот канал кој ќе биде целосно реконструиран“ потенцираше Никола Бакрачески – Градоначалник на Општина Охрид.

Бакрачески денес се запозна и со динамиката на градежните активности во врска со лакоалниот пат кај месноста Кромидиште – Рача во должина од 900 метри. Средставата за изградба на патот се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоелието и руралниот развој, а проектот го изработи и со него аплицираше Локалната самоуправа од Охрид.Бакрачески вети дека за една недела овој пат ќе биде изграден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top