Комедијата Благородник е нова премиера на сцената на народниот охридски театар

Комедијата Благородник  нова премиера на сцената на народниот охридски театар.

 |  Валентина Неловска  | 
игра

Премиерата Благородник утревечер е на сцената на охридскиот театар. Станува збор за 6 -та премиера во оваа сезона. Благородник е работена по текст на Жан Батист Поклен Молиер во режија на Дејана Николовска ,а досега не се направени поставки. Изборот да се постави ова дело на еден од најголемите свтески комедиоградфи како што е Молиер доаѓа во прав момент. Делото кореспондира со актуелните општествени кризи кога елитата и интелектуалците се принудени д а замолчат пред обезмноста од материјланата моќ.Според Николовска во моментов нема посоодветен текст од класиката кој се однесува и на нашето општетсво и во  текстот од Молиер.

актери„ Текстот е своевидна дијагноза на тоа што се случува во нашето општество. Каде мислиме преку ноќ, наместо вредностите дека може да се купи се, и преку ноќ може да се стане било кој  и било што. Тие наметнати нови вредности прават со луѓето чуда. Ние сме сведоци во нашето опкружување за луѓето кои се поставени на места на кои не треба да бидат, а донесуваат решенија кои не би требало да ги донесуваат. Сето тоа повлекува последици кои изгледаат грдо , а ние сме заложници на нив“, истакна режисерот Николовска за поврзаноста на денешницата со молериовиот текст на премиерата.

Благородникот Журден во истоимената претстава го игра актерот Стрезо Стаматоски. Ликот е човек кој сака да биде благородник, појаснува  Стаматовски за улогхат која ја толкува. Додава дека не било лесно  да се одреди моќта на титулата затоа што во нашиот ген ја нема таа хиерахија на луѓето со сина крв.
сцена
„Журден ја има моќта на парите, но ја нема моќта на титулата. Практично она што со векови наназад човекот го жари е моќта која ја дава титулата, а не  моќта на парите. Моќта на титулата до ден денес е присутна на различни начини и во било кој сегмент од животот, напомена за улогата на Журден , Стаматоски.
 
Актерите кои играат во Благородник се задоволни од сработеното и  искажаа благодарност до целиот тим кој  работеше на новата премиера.

„ Многу ми е драго што успеавме да создадеме една зрела претстава која се залепи како цреша на торта на 5 годишното создавање на професионалниот охридски театар“, истакна Тодоровски.

Во претставата Благородник покрај Стрезо Стаматоски и Никола Тодоровски,  играат и Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефаноска, Сашо Ристовски, Ивица Цонев, Павел Маслов, Марија Неданова Симјаноска, Христина Цветаноска и Лазар Милошески.Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top