Десет години интервентна кардиологија во Охрид

На 21 Јуни 2006 година беше изведена првата дијагностичка коронарографија а потоа и перкутана коронарна интервенција во Охрид.

 |   | 

Четири илјади спасени животи за десет години е резултатот со кој може да се пофали Центарот за интервентна кардиологија во Охрид. На 21 Јуни 2006 година беше изведена првата дијагностичка коронарографија а потоа и перкутана коронарна интервенција во Охрид. Оваа институција постојано соработува со останатите здравствени центри во Република Македонија, постојано разменува искуства со цел да се зголеми ефикасноста на негата на пациентите кои страдаат од кардиоваскуларните заболувања. Во борбата со овие заболувања потребна е системска соработка со останатите институции кои се инволвирани во здравствената нега на ваквите пациенти. Оваа институција е гордост на охридското, регионалното и македонското здравство, институција која постојано го подига квалитетот на дадените услуги кон пациентитетие и инстутуција во која кадарот подлежи на постојана медицинска едукација, истакна човекот кој е најзаслужен за формирањето на центарот кардиологот Др. Никола Бакрачески.

„Спремноста на персоналот и стручната оспособеност е на многу високо ниво исто така и на средниот медицински персонал, помошниот персонал, ги следи светските трендови, постојано воведува новини во институцијата и секао дека тоа е пратено со постојан раст и развој и вовоедување на нови постапки и во одделот за интензивна нега. Не заборавајте дека ЗЗКВЗ ги третира најтешките пациенти со акутни кардиоваскуларни заболувања во делот на интензивното лечење“кажа доктор Бакрачески.

Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, веќе 34 години е гордост на охридското и македонското здравство. Најголем доказ за тоа е се поголемиот број на пациенти, кои веќе не се само од регионот, туку и од останатите градови од земјата а и од соседните земји. Но растот и развојот тука не запира. Кон средината на идната година планирано е центарот да се пресели во новите простории на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“

„Се надевам дека центарот ќе продолжи по овој пат, послебно наредната година кога треба да се средат просторните услови, и ценатрот да се имплементира и интервентната и адултната кардиологија. Се надевам ке се смогнат сили и средства да се имплементира и одделот за рехабилитација која треба да се спои со останатите пациенти од болницата, во новите простории на брегот на езерото“ рече директорот нa Завод за кардилошки заболувања „Св.Стефан“, Д-р Изабела Афтовска.

Тимот од интервентна кардиологија се состои од четворица лекари кои самостојно можат да извршат било каква комплицирана интервенција. Инаку оваа успешна лекарска екипа постојано се проширува бидејќи и дејностите во оваа установа се повеќе се прошируваат, како што е стентирањето на кариотидните артерии кај пациенти со прележан мозочен удар.

„Јас се надевам дека процедурите во нашата установа се повеќе ќе се проширува имаме многу планови во иднивна и се надевам дека со нашето префрлање во Св. Еразмо ќе ни се овозможи зголемување на нашите функции и на нашите активност од страна на здравствениот систем“ информира Др.Дејан Манчески.

Иако почетоците на работењето на центарот гледано преку бројот на пацентите е скромен, сега центарот може да се пофали со 1500 третирани пациенти годишно или 13.000 пациенти од почетокот на работа на центарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top