• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Угостителите кои вложуваат во модерно и привлечно уредени објекти, ја кројат сликата на туристичката понуда на градот

Угостителите кои вложуваат во модерно и привлечно уредени објекти, ја кројат сликата на туристичката понуда на градот

Туристичката промоција преку  спотови, на саеми, билборди, брошури го привлекува гостинот прв пат да ја посети дестинацијата но дали ќе понесе убави впечатоци за да се врати зависи од сите чинители во туризмот и угостителството.

 |   | 

Угостителите кои вложуваат во модерно и привлечно уредени објекти, во збогатување на понудата како во менијата така и во забавните содржини во голема мера ја кројат сликата на туристичката понуда на градот. Туристот, без оглед дали е во потрага по добра храна, или амбиент кој ќе го плени или пак, едноставно сака да ужива во добра музика и забава, треба да добие се на едно место и најдобра можна услуга. Од „Fish & lounge bar Lihnidos“ велат дека токму на тој начин за кратко време од отворањето на далеку се слуша за нивниот угостителски објект. Богато мени со гастрономски деликатеси подготвени од добро обучени готвачи, послужени со љубезност, затоа што гостите го заслужуваат тоа.

„Од гастрономската понуда имаме повеќе видови на кујна, од рибните специјалитети до италијанската кујна и специјалитетите на скара. Од рибните специјалитети нудиме доста видови на крап, белвица, морски плодови. Од италијанската кујна голем број пици, лазањи, тестенини, а истото важи и за специјалитетите на скара. На пример денешната понуда ни е јагнешкото печење“ вели Стефан Стојановиќ – менаџер „Fish & lounge bar Lihnidos“.

Маркетиншки потег кој во голема мерка придонесува за привлекување на гости, а кој е за поздравување е специјалитетот на денот кој секојдневно се менува и е на предлог на главната готвачка во „Fish & lounge“ барот. Прекрасната локација веднаш до градскиот плоштад е од голема помош, но во услови на голема конкуренција, анимацијата е навистина значаен момент. Стојановиќ ветува дека кога забавата и музиката се во прашање, сите вкусови ќе бидат задоволени.

„Работиме со голем број на групи една од нив е групата „Сарај“, староградска музика, Мишко Крстевски, Коки и Тајфата определен вид музика, со поголем број на асортимански групи.Од овој викенд почнавме со музика секој ден, викендов кој следува настапи имаат Мишко Крстевски, Коки и Тајфата, а потоа ќе бидат опфатени и останатите, а се тоа може да се следи на нашата Фесбук страница, објавуваме викенд агенди секоја недела“ објаснува Стефан Стојановиќ – менаџер „Fish & lounge bar Lihnidos“.

Примамливата понуда, професионалноста на персоналот, гостопримството, како и големиот број на настани кои токму овде се случуваат , како што беше неодамна одржаната промоција за спотот на најновата песна на Наум Петрески, „Желба последна“, едноставно го прават „Fish & lounge bar Lihnidos“ вистински избор и за туристтие и за охриѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top