• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Граѓаните ја поздравуваат иницијативата на градоначалникот за именување на плоштади и преименување на улици

Граѓаните ја поздравуваат иницијативата на градоначалникот за именување на плоштади и преименување на улици

Историчарите согласни, велат нашето културно – историско минато е вистинска ризница на личости кои го афирмирале не само Охрид, туку и Македонија воопшто.

 |   | 

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески јавно ги повикува сите физички и правни лица да дадат свои предлози, идеи и сугестии за именување на следниве локации: мал плоштад кај поранешна библиотека, плоштад кај мини – маркет, Булевар Туристичка и Улица Железничка. Охриѓани генерално согласни со оваа иницијатива, и самите со свои предлози. Некои од нив пак, иницијативата ја смеатаат за тривијалност.

„Па овие претежно борциве што се, тие треба да бидат заслужни за улициве. Па ете можи да се Св.Климент, Кирил и Методиј, Григор Прличев. Убаво е да се преименуваат, овој се вика „Кеј Маршал Тито, сега е кеј македонија, па убаво е макоденци сме така?
„Идејата на општинава можам да ја поздравам, можам да кажам дека е одлична, и еве сега на пример како што е случаков, некој плоштад или улица би можел да го носи името на покојниот Леко Радич“.
„Што се однесува до именувањето или преименувањето на улиците тоа се само непотребни трошоци и глупости за народот поготов во оваа немаштија кога има луѓе кои тешко крај со крав врзуваат, а сега ние се бавиме со некои тривијални равботи, гледаме дека ни држава саглам немаме, сега најбитно како ќе се викаат улиците“.

Никола Митровиќ историчар и архивист ја поздравува идејата на градоначалникот Бакрачески за именување и преименување на плоштади и улици, потенцирајќи дека нашето културно – историско минато е вистинска ризница на личости кои оставиле белег не само на развојот на Охрид, туку и на Македонија воопшто.

„Најпрвин да ја поздравам иницијативата на еден ваков транспарентен начин да се укаже на значењето на некои личности од историјата кои допринеле за афирмација на нашиов град. Имено и малиот нов плоштад во охрид треба да се именува, мислам дека имаше дури и иницијатива од советот, тој плоштад да се именува во Христо Узунов. Ете моја репорака е тој плоштад да се именува во Христо Узунов“, вели Митровиќ.

Митрович вели дека голем е бројот на охриѓани чии имиња се врежани во историскиот развој на градот и државата како на пример Петар Шанданов, Методиј Патчев, Марко Бошњаков и Петар Чаулев. Покрај личности, голем е и бројот на исориски настани кои тука се случувале кои го обележале животот и менувале текот на историјата, како што е на пример Охридското востание.
Граѓаните и правните лица своите предлози можат да ги испратат преку архивата на општина Охрид во затворен плик адресиран до Градоначалникот или на следнава електронска поштаgradonacalnik@ohrid.gov.mk. Рокот за доставување е десет дена од денот на објавата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top