СВР Охрид: Биди sвезда не фрлај петарди

Под мото„Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“.

 |   | 

Под мото„Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Во рамките на проектот, полициски службеници ги посетуваат основните училишта во општината и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици.

„Од ваквите повреди нема заштита, опасност од изгореници на рацете и лицето, на очите и дишните патишта, опасност од експлозија, нагрденост на лицето, можни психички трауми, не ја расипувај забавата, слави со срце не со оружје“ , се дел од советите што им се упатуваат на најмладите., информираат од Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Целта на проектот што го реализираа одделението за превенција е едукација и подигну- вање на јавната свест кај граѓаните посебно кај младата популација за опасностите од нелегална употреба на петардите и друга пиротехника. Во рамките на проектот ќе бидат нагласени начините на превенција како и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на граѓаните. Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца пукаат петарди, велато до СВР Охрид.СВР Охрид, отпочна со контроли со цел превенирање но и санкционирање на правните и физички лица кои неовластено продаваат и користат петарди и други пиротехнички средства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top