Кроација осигурување со своја подружница и Охрид

„Охриѓани ќе ги привлечеме со квалитетот на производите кој ги нудиме, исплата на штети и коректниот и професионален однос со осигурениците“, вели претседателот на управниот одбор на Кроација осигурување.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

„Охриѓани ќе ги привлечеме со квалитетот на производите кој ги нудиме, исплата на штети и коректниот и професионален однос со осигурениците“, вели претседателот на управниот одбор на Кроација осигурување.

ceremonijaОд денеска Кроација осигурување со своја подружница и во Охрид. На свеченото отворање на гостите им се обратија градоначалникот Александар Петрески, генерелниот директор на Кроација осигурување АД друштво за неживотно осигурување, г-дин Драган Лазарески и Претседателот на Управниот одбор Г-дин Хрвоје Војковиќ.

Имаме искуство за работа со мали земји, како Македонија, затоа што и Храватска е релативно мала земја, она што кај нас е основно, тоа е традицијата, квалитетот на производите, исплата на штети, еден коректен и професионален однос со осигурениците, верувам дека ова што го започнуваме ќе биде крунисано со успешна работа овде во Македонија.
Целиот кадар е обучен во Храватска, инаку ние ги имама прифатено сите најдобри меѓународни стандарди во работењето со осигурителните компнии, верувам дека Македоскиот пазар ќе го препознае квалитетот што го нуди Кроација осигурување, рече претседателот на упраниот одбор на Кроација осигурување, Хрвое Бојковиќ.

„Сметам дека со оворањето на осигурителни комапнии во Охрид, се покажува дека нашиов град влегува во современите текови на живеење, затоа што современиот начин на живеење подразбира отврање на вакви осигурителни компании. Нас ни е задоволсво што една од најаките компании во осигурувањето, пошироко на овие простори се отвора токму во Охрид. Драго ни е што отворањето на вакви подружници подразбира и нови вработувања“, рече градоначалникот Александар Петрески.
Инаку Долгата традиција на интернационалниот пазар, искуството и квалитетот на услугите кон клиентите се само дел од стратешките цели на оваа компанија за освојување на пазарот во Р Македонија. Првиот продажен салон во Охрид Друштво за неживотно оссигурување Кроација осигурување,го отвори на бул Туристичка наспроти училиштето Григор Прличев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top