Г-20 сеуште силни

Американскиот претседател Барак Обама ги отфли гласините за несогласувањата со европските земји во однос на начините за справување со светската финансиска криза на престојниот самит на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот (Г-20), што ќе се одржи на 2 април во Лондон.

 |  Крсте Голабовски  | 
G-20
Г-20

Американскиот претседател Барак Обама ги отфли гласините за несогласувањата со европските земји во однос на начините за справување со светската финансиска криза на престојниот самит на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот (Г-20), што ќе се одржи на 2 април во Лондон.

„Најважната задача е да испратиме силна порака за единство во однос на кризата“, нагласи Обама во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Тој истакна дека изборот не е меѓу масовното инјектирање на капитал во светската економија, за цел да се стимулира растот на светската економија, на што се спротивставуваат Германија и Франција и создавањето нова рамка за финансиско регулирање.

G-20„Постојано кажувам дека постои потреба од комбиниран пристап. Имаме потреба и од стимулирање и од регулирање“, рече Обама.

„Треба да се соочиме со проблемите кои се пред нас и истовремено да гарантираме дека преземаме мерки за избегнување на слични ситуации во иднина“, дополни американскиот претседател.

Германскиот канцелар Ангела Меркел напомена претходно дека не планира да одобри уште државни средства за германската економија, но Обама нагласи дека постигнал согласност со неа и со францускиот претседател Никола Саркози дека е потребен двоен пристап.

„Ќе постои согласност дека земјите од Г-20 ќе сторат се што е неопходно за поддршка на трговијата и растот“, истакна американскиот претседател.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top