Д-р Александар Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

За првпат по избувнувањето на пандемијата на корона вирусот во Комисијата за заразни болести дојде до значајни промени. Новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство, ги соопшти министерот Беким Сали. За нов претседател на Комисијата е избран професорот и директор на Институтот за имунологија професор д-р Александар Петличковски. Досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски останува во нејзиниот состав додека Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата, објави министерот за здравство, Беким Сали. Инаку, денес после одложување од две недели, вкупно 255 илјади ученици од основното и средното образование продолжија со физичка настава во второто полугодие.

 |   | 

Комисијата за заразни болести од денес во нов состав и со неа ќе раководи професорот и директор на Институтот за имунологија професор д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали. Досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски останува во нејзиниот состав, додека Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом, Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата. Во новиот состав се и охриѓанката Др.Марија Димзова, специјалист инфектолог, која ќе биде научен соработник и Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана од Инфективна клиника и Виктор Исјановски од Здравствен дом Скопје, како и Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија меѓу другите. Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска од Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи, ќе бидат дел од комисијата. Советодавното тело ќе има редовни неделни состаноци, секој вторник кажа денес министерот Сали.

Отсега па натаму, Комисијата за заразни болести ќе се состанува редовно секој вторник, а по потреба и почесто. Редовните состаноци ќе ги одржува претседателот Петличковски, а по потреба ќе биде присутен и министерот за здравство – истакна министерот Сали.

Денес после одложување од две недели, вкупно 255 илјади ученици од основното и средното образование денеска продолжија со физичка настава во второто полугодие. Се размислува да се спроведе скрининг на учениците по случаен избор и истиот да биде со брзи тестови, со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи, изјави денеска доктор Александар Петличковски, новиот претседател на Комисијата. 

Во пресекот на неделните бројки гледаме дека во популацијата од 12 до 18 години има многу мала стапка, многу ниска инциденца и тоа ни дава за право да ја предложиме наставата со физичко присуство бидејќи во овој распон на популацијата нема значајно присуство на инфекциите, рече Петличковски, додавајќи дека идејата е така и да остане. Овој скрининг се размислува да биде со брзи тестови, кои не се премногу на број, но 10.000-20.000 тестови се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи – вели претседателот на Комисијата за заразни болести.

Петличковски објасни дека со применување на строгите протоколи, со проветрувањето, со брзото изолирањето на оние кои имаат сиптоми, но сепак со инсистирање на физичкото присуство, најмалку што сакаат е да наштетат на психо-физичкиот развој на децата. Др Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести смета дека Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, вели Демири.

Последнава недела според податоците на ИЈЗ тестирани се 38.518 брисеви за ковид, а од нив 11.916 биле позитивни, што претставува зголемување на бројот на позитивни тестови за 2.7 проценти споредено со претходната недела. Позитивните случаи се од 35 градови во државата, а најголемиот број заболени, односно 6.033 лица се од Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top