Албанија - Елбасан, Тирана, Драч

 

Почеток на турата во утринските часови. Превоз со високо туристички автобус/мини бус и објаснување за културните природните убавини на Албанија од стручен туристички водич.

Патување преку Струга и граничниот премин Ќафасан влез во Албанија.

Источниот дел на Албанија е претежно планински. Спуштајќи се од планината Јабланица се движиме потечението на реката Шкумбин – која се смета и за физичка граница на двата Албански дијалеткта и култури – Тоска и Гега.

Се минува покрај неколку градови и села – Хотолиште, Либражд... и веќе можете да почнете да ја доживувате Албанија со сите нејзини контрасти, убавини и негативности...

Прво град во кој ќе се застане и направи кратка пауза е Елбасан. Тој е еден поголемите градови во Албанија со над 100,000 жители.

Низ Елбасан минувал Римскиот пат Via Egnatia чии остатоци и денес можат да се видат во средновековната тврдина лоцирана во центарот на градот.

Ќе се посети средновековната тврдина која датира од XV век а денес во нејзин склоп се наоѓа модерен хотел и ресторан.

Се продолжува кон главниот град на Албанија – Тирана - најевропскиот и најмодерниот град во Албанија. Разглед на центарот на градот: плоштадот Скендер Бег, Националниот музеј, Операта, владините згради и банките околу плоштадот – дело на архитектите на Мусолини, посета на пирамидата – изградена како мавзолеј на Енвер Хоџа, прошетка низ Тајван и Блокот – некогашно ексклузивно место на комунистичките чиновници денес главно место за разонода на младите и луѓето од Тирана – место со екслузивни и екстравагантни кафичи, ресторани, казина...

Кратка кафе пауза во центарот на Тирана.

Се продолжува кон Драч – летувалиште на Јадранско море кое е одалечено од Тирана 30 мин возење. Ужување во медитеранската клима на градот, прошетка и разглед на центарот – Венецијанксата тврдина, амфитеатарот – еден од најголемите на Балканот.

Можност за организиран ручек во некој од рестораните покрај море – наша препорака е да се проба свежа риба од морето или морски специјалитети.

Кратко застанување покрај морето, каде можат да се види долгата песочна плажа по која Драч е познат како и џунглата од хотели, апартмани, ресторани крај самото море.

Враќање кон Македонија во попладневните часови.

Пристигнување во Охрид во вечерните саати.

 

ЦЕНА НА ЕКСКУРЗИЈАТА: ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ЦЕНА И ЗА ДЕТАЛИ

 

 

Specifications

  • Култура
85

Leave a comment

You are commenting as guest.