Топ 10 Екскурзии - Top 10 Excursions

Албанија - Елбасан, Тирана, Драч

Албанија - Елбасан, Тирана, Драч

целодневна тура

Доживејте је Албанија со сите нејзини контрасти, убавини и негативности... Космополитската Тирана наспроти планинските села, малечките пазари со свежи производи наспроти екстравагантите ресторани, супер брзите мерцедеси наспроти запрежните коли, долгите песочни плажи наспроти високите планини...

Брајчино и Курбиново

Брајчино и Курбиново

целодневна тура

Посета на најпознатото и наjпосетувано еко-село во Македонија - Брајчино, кое се наоѓа на падините на планината Баба, во Преспанскиот регион. Посета и на црквата Св. Ѓорѓија во село Курбиново во кое се наоѓа едно од најдобрите достигнувања на византиското сликарство.

Вевчани

Вевчани

полудневна тура

Едно од најпознатите и најразвиени туристички села во Македонија, селото Вевчани, за кое неговите жители со гордост кажуваат дека е поградско и од некои градови во Македонија. Познато по Вевчанските извори и карневалот, љубовта на Вевчанци кон своето село, архитектурата...

Македонија и Албанија - околу езерото

Македонија и Албанија - околу езерото

целодневна тура

Тура околу Охридското езеро, исполнета со пејсажи и како две култури на блиски но сепак различни начини уживаат во убавните на Охридското езеро. Посета на манастирот Св. Наум и изворите на Црн Дрим, посета на изворите во Тушемиште во Албанија, Поградец, мозаиците во селото Лин, Струга...

Манастир Св. Наум тура

Манастир Св. Наум тура

полудневна тура

Сместен меѓу раскошно зеленило, на местото каде реката Црни Дрим се влева во Охридското езеро, на 29 км одалеченост од Охрид и 1 км од Албанската граница, манастирот Св. Наум е една од најпосетуваните туристички дестинации во Охрид. Изворите кај Св. Наум  се дел од националниот парк Галичица, зона со режим на строга заштита, каде превозот на патници  се одвива само со кајче на весла.

ОХРИД city tour

ОХРИД city tour

полудневна тура

Охрид е еден од најзначајните градови во поглед на културата за сите народи кои живееле на овие простори. Кога на тоа ќе се додадат синото езеро и планината Галичица го прават најпосетуван туристички град во Македонија. Слушнете ја приказната за Охрид од професионален туристички водич. Научете за цивилизациите кои живееле на овие простори, за неговите антички градби и цркви.

Планинарење Галичица - Охрид

Планинарење Галичица - Охрид

полудневна тура

Галичица е планина лоцирана помеѓу Охридско и Преспанско езеро. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински еден поголем дел од неа, во 1958 година е прогласен за национален парк.

Св. Јован Бигорски

Св. Јован Бигорски

полудневна тура

Мијачкиот крај покрај природните убавини најмогу e познат по градителството, резбарството и иконописот. Ако сакате да го доживеете целокупното достигнување на овој крај – манастирот Св Јован Бигорски е пример за врвните достигнувања на градителите, резбарите и зографите...

Скопје city tour

Скопје city tour

полудневна тура

Скопје, главниот и најголем град во Македонија во кој можете на секој чекор да ја осетите средбата на Истокот и Западот, модерното и старото, ориенталното и ренесансното, има историја долга повеќе од 2000 год  и е вистинско место за почеток на Вашето откривање на Македонија.

Струга и Калишта

Струга и Калишта

полудневна тура

Струга, вториот град по големина на брегот на Охридското езеро, низ кој извира реката Црн Дрим и му дава посебна живописност на градот. Струшката чаршија со своите дуќани, ресторани, златари ќе остават траен впечаток врз секој посетител. Посета и на манастирскиот комплекс во Калишта...