Планини и долини - Македонија

= ПЛАНИНИ И ДОЛИНИ =
(9 дена / 8 ноќи)

ПРОГРАМА:

ДЕН 1: СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје. Групата ќе биде пречекана од пресртавник на нашата агенција. Сместување во хотел. Кратка пауза. Попладнето се поаѓа на разглед на Скопје. Посета на Скопската тврдина - Кале, црквата Св. Спас, стариот пазар - Бит Пазар, Даут пашиниот амама, камениот мост, плоштадот Македонија, спомен куќата на мајка Тереза. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2: СКОПЈЕ - МАТКА - СКОПЈЕ

По појадокот се поаѓа кон кањонот Матка, каде има неколку патеки за планинарењ. Кратка посета на манастирот Св. Андреа. Турата води високо на еден клиф, од каде се прижа прекрасен поглед на кањонот, реката Треска и црквата Св. Андреа. Многу од сликите за Матка се направени токму од таа локација-од црквата Св. Никола Шишевски.
Патеката е долга околу 1.30 мин.Слегувањето долу ќе биде по друг пат кој води до брегот на реката Матка. Со звонење на ѕвоно ќе дојде чамец кој ќе не префрли на другиот брег.Постои можност чамецот да не одведе на посета на пештерата Врело - 200 м длабоката подводна пештера чие дно сеуште не е допрено и можеби е и најдлабока во светот.
Организиран ручек на Матка. Враќање во хотел. Време за слободни активности. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3: СКОПЈЕ - МАВРОВО (ПЛАНИНА БИСТРА)

Појадок. По појадокот поаѓање за националниот парк Маврово. Патот води покрај два поголеми градови од западниот дел на Македонија - Тетово и Гостивар.
Пристигнување во Маврово. Сместување во хотел. Кратка пауза.Во договоренот време се поаѓа на пешачка тура на планината Бистра - нејзиниот највисок врв - Меденица. Почетна точка на пешачењето ќе биде селото Галичник. Ова село е познато по Галичката свадба која се одржува во летните месеци. Патот од Галичник до врвот Меденица е долг 2-2.30 часа.На враќање, организиран ручек во природа. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4: МАВРОВО - ОХРИД

Појадок. По појадокот се поаѓа за Охрид. Патот кон Охрид води потечението на реката Радика и пејсажи кои ќе Ве остават без здив.
Попатна посета на манастирот Св. Јован Бигорски-еден од најзначајните културини споменици во Македонија.Пристигнување во Охрид. Сместување во хотел.Слободно време до 17.00 часот.Следува разглде на Охрид - и неговите најзначајни знаменитости: Националниот музеј, црквата Св. Софија, античкиот театар, галеријата на икони, Самоиоловата тврдина. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

ДЕН 5: ОХРИД (ПЛАНИНА ГАЛИЧИЦА) - ОХРИД

Појадок. По појадокот се поаѓа на планинарење на планината Галичица. Превозот до местото од каде ќе почне планинарењето трае околу 1.30 мин. Од малата капела на Св. Ѓорѓија, започнува планинарењето до врвот Магаро кој се наоѓа на 2255 м.н.в.
Можност да уживате во погледот, на двете езера Охридско и Преспанско.Ќе имата можност да се запознаете со специфичната флора и фауна на националниот парк.Организиран ручек на планина во месноста Корита. Враќање во хотел во Охрид. Вечера. Ноќевање.

 

ДЕН 6: ОХРИД - БИТОЛА (ПЛАНИНА БАБА-ПЕЛИСТЕР) - ОХРИД

Појадок. По појадокот поаѓање за Битола. Краток разглед на Битола - еден од најубавите градови во Македонија.
Патот продолжува до селото Нижеполе од каде ќе започне планинарењето на Баба планина и врвот Пелистер. Планинарењето води до местото наречено Пелистерски очи. Време на искачување околу 3.30 часа. Постои можност за оваа тура да биде пократка. Организриан ручек во еден од рестораните на Пелистер. Враќање во хотел во Охрид во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.


ДЕН 7: ОХРИД-ПРИЛЕП-КАВАДАРЦИ-СТРУМИЦА-БЕРОВО

Појадок. По појадокот се поаѓа кон источна Македонија, патот води низ пејсажи од виногради, тутински полиња. Ќе се помине низ неколку града низ источна Македонија - Прилеп, Кавадарци.
Попатна пауза во винарија во близина на Кавадраци - еден од најпознатите виноградски региони на Балканот.Ручек во винарија и можност да видите дел од процесот на правење на вино, како и да пробате различни сорти на вино. Патот продолжува преку Стурмица до Берово. Ова патување трае 7-8 часа. Сместување во хотел во Берово.Берово е еден од најпосетуваните туристички центри во источна Македонија - познат по чистиот планински воздух, беровското сирење... Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

ДЕН 8: БЕРОВО (ПЛАНИНА МИСЛЕШЕВО)

Појадок. По појадокот следува планинарење по Мислешево. Има неколку пешачки патеки, ние ќе одиме по патеката Берово (Јуоевц) до туристичката населба Абланица па се до Беровскот езеро. Патеката е долка 6 км и минува низ ливади и шума со борови, брези и дабови. Можат да се соберат диви билки и плодови. Крај на патеката е Беровското езеро. Враќање во хоте. Слободно време. Организирана вечер со музика и национална храна. Ноќевање.

ДЕН 9: БЕРОВО - СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Појадок. Трансфер до Скопскио аеродром. Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

1. Сместување во хотел во Скопје - 2 ноќи ПП (полупасион-појадок и вечера)
Сместување во хотел во Маврово - 1 ноќи ПП (полупансион-појадок и вечера)
Сместување во хотел во Охрид - 3 ноќи ПП (полупансион-појадок и вечера)
Сместување во хотел во Берово - 1 ноќ на база НП (ноќевање со појадок) и 1 ноќ
на база ПП (полупансион-појадок и вечера);
КОНТАКТИРЈАТЕ НЕ ЗА ЦЕНА сместување во 1/2 соби по лице
КОНТАКТИРЈАТЕ НЕ ЗА ЦЕНА сместување во 1/1 соби по лице

 

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

§ Сместување во хотели према програмата на база полупансион - појадок и вечера освен последната вечер каде сместувањето е на база - ноќевање со појадок + организирана свечена вечер со музика и национално мени

§ 5 ручеци за време на планинарењето + 1 ручек во винарија во Кавадарци (менито за сите денови ќе биде различно и со храна и од македонската кујна)

§ Превоз и трансфер за сите места според програмата со високо туристички минибус/автобус

§ Професионален водич за планинарење кој ќе ја придружува групата за време на планинарењето

§ Професионален туристички водич во Скопје, Охрид и Битола

§ Влезници за спомениците кои ќе се посетат:
црквата Св. Спас во Скопје, црквата Св. Јован Бигорски во Маврово, националниот музеј, галеријата на икони и црквата Св. Софија во Охрид

Возење со брод на кањонот Матка

Specifications

  • Планинарење
71

Leave a comment

You are commenting as guest.