Македонска Тура

Ден 1. Битола - Крушево - Прилеп - Кавадарци - Неготино – Демир Капија - Струмица Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 08.00 часот. Заминување кон Крушево. Патување низ Демир Хисар. КРУШЕВО: Посети: Мечкин камен / Македониум / гробот на македонска ѕвезда Тоше Проески. ПРИЛЕП: Споменик на Александар Македонски . Кавадарци. Панорамски поглед на градот Неготино. ДЕМИР КАПИЈА: Посета на музејот на виното. СТРУМИЦА: Посета на манастирите Водоча и Велјуса. Разглед на градот Струмица. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Струмица.


Ден 2.Струмица – Радовиш – Штип – Куманово – Јоаким Осоговски - Кратово Појадок. Поаѓање за РАДОВИШ: Посета на црквата Света Троица во Радовиш. ШТИП: Посета на црквата СВ.Никола, Музејот. Заминување кон Свети Николе. Пауза за ручек. Заминување кон Куманово и Крива Паланка. Посета на еден од најубавите манастири во источниот дел на Македонија –Манастирот посветен на Јоаким Осоговски. Разглед на манастирскиот комплекс. Заминување кон КРАТОВО: Градот на 1000 кули. Прошетка и сместување во градот изграден на кратерот на вулкан. Сместување. Вечера и ноќевање во Кратово.


Ден 3. Кратово - Скопје - Маврово Појадок. Заминување кон Скопје. СКОПЈЕ: панорамски разглед на градот, посета на црквата Спас, гробот на Гоце Делчев, Стариот град, Камениот мост, плоштадот со спомениците, Музејот на ВМРО, Соборниот храм Свети Климент Охридски. Качување на планината Водно и уживајње во возење со жичарница до Милениумскиот крст(факултативна влезница), каде можете да уживате во погледот на Скопје. МАВРОВО: Патувањето продолжува покрај Тетово и Гостивар за Маврово. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во Маврово.


Ден 4. Маврово - Дебар - Вевчани - Струга – Охрид - Битола Појадок. По појадокот патувањето продолжува низ Националниот парк Маврово и по кањонот на реката Радика за да стигнеме до еден од најубавите манастири посветен на Свети Јован Крстител. Патувањето продолжува да го посета на манастирот посветен на свети Георгиј Победоносец во Рајчица село во близина на градот Дебар. Патувањето продолжува до село Вевчани. Посета на познатите Вевчански извори и црквата на Свети Никола. Слободно време за ручек. Продолжување кон Струга и Охрид. Разглед на Охрид и сите знаменитости (Св.Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, стариот дел на градот). Слободно време. Заминување кон Битола. Пристигнување во Битола околу 19:00 часот.


Цена на аранжманот: 11.500.00 денари.


Во цената на аранжманот Е вклучено:
➢ Превоз со високотуристички автобус - мини автобус според програмата
➢ Хотелско сместување според програмата на база на полупансион (појадок / вечера)

➢ Влезници за посета на културно - историски споменици во рамките на програмата

➢ Организација и водство
➢ Професионален туристички водич за групата во текот на патувањето

НАПОМЕНА: Картата за жичарницата не е вклучена во цената на аранжманот

Страницате е посетена:

406

Печати

Share this product