Малдиви и Шри Ланка (авион)

Тргнете во обиколка на Индискиот Океан
18. Мај 2018 – 30. Мај 2018
(10 ноќи / 13 дена)

МАЛДИВИ – Рајски  строви со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија и прекрасен и необичен подводен свет. Места кои се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете. Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Опуштете се и релаксирајте на прекрасните, снежно бели, корални плажи на Малдиви, каде ќе ве воодушеви подводниот свет, затоа што овие острови се вистински рај за нуркачите … а потоа ….
Шри Ланка. Волшебни пејсажи – водопади, тропски шуми, плантажи со чај … сегде околу вас релаксирачко зеленило … јавање на слонови низ џунглата, посета на плантажите со чај , на ботаничките градини, автентичните села, храмови, одгледувалишта на слонови и, се разбира, на средби со насмеаните лица на локалното население. Мирисајте ги орхидете во ботаничката градина на Кенди – пазете се од отровни змии, ѕирнете во храмот на Будиниот Заб, искачете се на Лавовската карпа – SIGIR, посетете го комплексот на храмови во карпа , најголемиот и најдобро сочуван во Шри Ланка – Dambulla, Слушнете ја моќта на водата што ги формира карпите – бројните водопади заштитени со тропски шуми ќе ви ја вратат енергијата

HOLIDAY ISLAND RESORT & SPA 4*
Локација и оддалеченост: Adh. Dhiffushi (700 m x 100 m) South Ari Atoll 97 км од аеродром 17 мин. со хидроавион
Сместување: 142 Superior Beach Bungalow: 25.61m2             
Опис: Во Holiday Island Resort & Spa времето застанува. Кристалната вода и меките песочни брегови ги канат гостите на едно од последните недопрени рајски места во светот. Чистата убавина комбинирана со персонализираната услуга и модерната екстраваганција ќе ви овозможат право место да го обликувајте вашиот одмор од соништата. Истражете ги подводни богатства во една од светските врвни локации за нуркање. Без разлика дали пиете коктел на вашата тераса или се наоѓате на белиот корален песок, затскријте се во тишината на овој прекрасен остров и уживајте во вашиот идеален тропски рај.
Содржини: Главен бар, сервис за облека, главен ресторан, школо за нуркање, интернет катче, центар за водени спортови, доктор, спортски сала, спортски терени, сауна.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1355

 

1 ден     18.05                     СКОПЈЕ – ДОХА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет 10:15, полетување за Доха во 12:15 часот со Qatar Airways.

2 ден        19.05                   ДОХА – MАЛЕ

Полетување од Доха кон Малдиви. Пристигнување на Мале во 09:00 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола со хидро авион се упатуваме кон нашиот хотел на Малдиви (HOLIDAY ISLAND). Слободно време. Вечера. Ноќевање.

3 – 08 ден 20.0525. 05 МАЛДИВИ

Појадок. Слободни денови за капење, сончање, одмор и факултативни екскурзии. Вечера. Ноќевање

Факултативни екскурзии:
Крстарење по Малдиви –
Морето е тука само за вас … придружетени се и откријте што тоа всушност значи!!! Ако сакате да доживеете сафари на вода, ова е правото место за една таква авантура. Бродовите со кои се крстари обично се со клима, ресторан, бар, палуба за сончање, опрема за нуркање и инструкции, опрема за риболов, итн… Можна е посета на повеќе острови и притоа застанување покрај прекрасните сини лагуни каде што ќе можете да се бањате, да ловите риби, да нуркате, да го набљудувате подводниот свет и да уживате…

Посета на главниот град МАЛЕ – За време на вашиот престој на Малдивите,не би требало да ја пропуштите посетата на главниот град Мале. Поради своите 2км квадратни површина и 70-те илјади жители, Мале често го нарекуваат џебен главен град. Она што треба да го посетите во Мале е рибниот пазар и главните шопинг области. Од историските објекти,

значајни се Модерната Џамија, Петочната Џамија, Претседателската палата, музејот и Султан паркот.
Подводни спортови – Наједноставниот начин да ѕирнете во прекрасниот подводен свет е да одитена нуркање. Единствен предуслов за тоа е да знаете да пливате. Од опрема ви треба само маска и туба за дишење. Туристичките ресорти и големиот број бродови кои крстарат ја нудат оваа опрема. Ако сте љубител на таков вид забава, не се двоумете да побарате  информација во вашиот хотел кое од местата е најдобро за нуркање. Останатото е лесно. Ако пак сакате да имате поблизок поглед и директен контакт со подводниот свет, тогаш вие би требало да нуркате и одблизу за го запознаете светот на рибите и другиот воден свет со кој ќе се сретнете таму. Воопшто не е важно ако не сте нуркале досега – туристичките ресорти располагаат со квалификувана екипа, која со задоволство ќе ви помогне во нуркањето.

9 ден 26.05                   MАЛЕ – КОЛОМБО

Појадок, одјавување од хотел и упатување кон аеродром за лет од Мале до Коломбо. Пристигнување на Коломбо во 11:00 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола, трансфер до Коломбо.  Разглед на Коломбо. Ќе поминеме низ бизнис квартот „Форт“ а потоа низ „Петах“,  аздвижената ориентална  чаршија со неверојатно шаренило на луѓе, нтички возила, поволни цени, џамии и храмови. Посета на хинду храм и џамијата „Jumi-UL Alfar Jumma“. Продолжуваме со разглед на холандската црква „Wolvendaal“, „Hultsdorf Law Courts“, па се до резиденцијалниот  варт „Cinnamon Gardens“, „Плоштадот на независноста“ и „Меморијалната интернационална конференциска сала“. Враќање во хотелот.  Вечера. Ноќевање во хотел во Коломбо.

10 ден 27.05 КОЛОМБО/ ПИНАВАЛА / КАНДИ

Појадок во хотелот. Заминуваме кон Канди. Ќе го посетиме „Elephant Orphanage“ во Пинавела. Ова сиропиталиште за слонови е дом за околу 89 слонови. Некои од нив се напуштени мали слончиња кои биле пронајдени во дивината. Тие се згрижени, нахранети и тренирани од специјалисти-зоолози. Најдобро време за посета е за време на хранење, кога ќе имате можност да ги види малите слончиња како се хранат со цуцли. Исто така може да ги придружувате слоновите до блиската река и да присуствувате на нивното бањање. Продолжуваме кон Канди. По пријавувањето во хотелот посетна на Храмот „Temple of the Tooth Reli“, а потоа ќе присуствувате на ориенталното шоу на кое ќе биде претставено традиционалното танцување на Шри Ланка. Вечера. Ноќевање во хотел во Канди.

11 ден 28.05 КАНДИ

Појадок во хотелот. По појадокот посета на ботаничката градина Пераденија. Оваа ботаничка градина била изградена од кралот на Сингапур а била проширена од страна на Британците. Таа е 147 хектари во обем и има неверојатна збирка на дрвја, растенија и цвеќиња. Попладнето, турнеја низ градот Канди. Канди бил последниот главен град на кралевите на Шри Ланка, и е вброен во светското културно наследство. Името Канди ги доловува визиите за сјај и величественост. Многу од легендите, традициите и фолклорот, мештаните сè уште со голема љубов ги одржуваат во живот. Препорачуваме возење околу Езерото Канди, изградено од страна на последниот крал на Сирија, Шри Викрама Рајасинг, во 1798 година, посета на градот и чаршија, центарот за уметност и занаетчиство, музејот на скапоцени камења и лапидариумот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање во хотел во Канди.

12 ден 29.05 КОЛОМБО – ДОХА

Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер од Канди до аеродромот во Коломбо, за Лет кон Скопје, преку Доха.

13 ден 30.05 ДОХА -     СКОПЈЕ

Лет од Доха кон Скопје во 06:50, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.

Страницата е посетена:

190

Печати

Share this product