Кушадаси-Памуккале-Ефес од Охрид СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !

КУШАДАСИ ПАМУККАЛЕ - ЕФЕС  ( со превоз од Охрид ) СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !


1 ДЕН (23.05.18 – среда): БИТОЛА / СКОПЈЕ - ЧАНАККАЛЕ

Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 17:00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино) поаѓање од Скопје од пред ВИП хотел во 17:30 часот (попатно Велес) попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење (се патува преку Грција).

2 ДЕН (24.05.18 – четврток): ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ

Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата Тројански коњ од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бед Пит. Можност за кафе пауза - факултативно.  Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотел. Одмор. Факултативно крстарење со брод. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН (25.05.18 – петок): КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ

Појадок. Заминување за Памуккале (188 км), планина-единствена од ваков вид во светот.
По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината - феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Ручек. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и фабрика за  изработка на предмети од Жад. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека.

4 ДЕН (26.05.18 – сабота): KУШАДАСИ-ЕФЕС-КУЌАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-КУШАДАСИ

Појадок. Заминување и посета на куќата на Пресвета Богородица (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата враќање во Кушадаси. Слободно време можност за посета (индивидуално) на една од многубројните плажи: Ladies  Beach, Golden Beach…. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – можност за факултативна посета на национален клуб со стомачни танци.

5 ДЕН (27.05.18 – недела): КУШАДАСИ-ИЗМИР-МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот од автобус.
Слободно време за прошетка низ центарот (плоштадот Конак) во Измир. Индивидуални посети, прошетки во Измир до поаѓањето за Македонија. Продолжување за Македонија, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.


6 ДЕН (28.05.18 – понеделник): МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

 

Поаѓање од Битола (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино) и поаѓање од Скопје (попатно Велес, Удово).
Доплата за трансфер од : Кичево, Струга, Охрид, Ресен, Штип, Струмица 5 €

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 155 евра / 9.600 денари

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 05.05.2018: 140 евра / 8.680 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • 3 полупансиони во хотел Surtel 3* (или сличен) во Кушадаси,
  • Посета на Чанаккале,
  • Панорамски разглед на Измир од автобус,
  • Локален професионален водич за Памуккале,
  • Локален професионален водич за Ефес, Куќата на Пресвета Богородица,
  • Придружник на групата,
  • Организација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување (инфо во агенцијата),
  • Лични трошоци,
  • Ефес и Куќата на Пресвета Богородица-со влезница (минимум 25 патници) - 35€,
  • Памуккале - со платена влезница + ручек (минимум 25 патници )-  40€,
  • Крстарење со брод - 20€,
  • Дискотека (влезница),
  • Национален ресторан - стомачен танц.
  • ТРАНСФЕР ОД ОХРИД 5 ЕВРА

НАПОМЕНА!

За изведување на аранжманот потребни се минимум 40 патници, доколку тој број не се исполни, агенцијата го задржува правото на измена на цената или истиот да го сторнира и да ги извести патниците 5 дена пред датата на поаѓање.

Цената е за сместување во двокреветна соба за 1 лице.

Доплата за сместување во еднокреветна соба 45€.


ЕФЕС

Ефес бил познат антички грчки град, а подоцна дел од Римското Царство, a исто така е еден од најпознатите економски и пристанишни центри во Римската Империја. Од легендите, се смета дека овај град го создале Амазонките. Се наоѓал на брегот на Јонија, 3 километри југозападно од денешната Измирска област во Турција, во близина на Егејското Море. Во самиот град имало голем број на театри, споменици и храмови. Еден од најпознатите храмови бил Храмот на божицата Артемида, кој што се вбројувал во седумте светски чуда од античкиот период.

Бил еден од најбогатите светски градови и во него била отворена првата светска банка. Ефес исто така бил еден од најголемите религиозни центри (поврзуван со доаѓањата на Св.Павле) и се претпоставува дека тука било напишано Евангелието по Јован. Античкиот дел од градот и рушевините се едни од најголемите интернационални туристички атракции во модерното време.

ПАМУККАЛЕ

Памуккале (Памучно Кале), е природен регион кој што содржи топли извори и травертни (карбонатни) тераси кои што се создадени со помош на проточната вода која што ја има во регионот. Местото се наоѓа во областа Денизли, покрај долината на реката Мендерес, во југозападна Турција. Тука на истото место, на врвот на т.н “бел замок” се наоѓа и античкиот грчко-римски и византиски град Хиераполис.

Седиментните карпи се создадени по природен пат од водата од топлите извори. Во Памуккале се наоѓаат 17 топли извори со тенпература на водата од 35-100 степени целзиусови. Интересен факт е дека старата римска бања во Хиераполис била користена како археолошки музеј во Хиераполис од 1984 година.

Памуккале и Хиераполис во 1988 година се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.

ЧАНАККАЛЕ

Градот Чанаккале се наоѓа на брегот на Дарданелите, во Мраморниот дел на Турција и е главен град на истоимената провинција. Чанаккале бил познат под името “Кале-и-Султаније” (Тврдина на султанот). Во 17 век градот станал познат по својата стаклена керамика од каде и го добил своето ново име.

Интересен или симболичен факт за местото е битката кај Чанаккале која се одиграла за време на Првата светска војна, која е и воедно една од најголемите победи на Турците. Во оваа битка со османлиските сили раководел Мустафа Кемал Ататурк.

Чанаккале е важен престанишен центар, а за тоа придонесува и самата местоположба на местото кое се простира на двата континенти (Европа и Азија).

Овој град е најблиску до античкиот град Троја, каде што денес се наоѓа и дрвениот коњ кој што е користен во истоимениот филм од 2004 година, а е подарок од актерот Бред Пит.

КУЌАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Куќата на Пресвета богородица е позната туристичка атракција и значаен католички и муслимански религиозен храм во Турција. Се наоѓа на планината Kоресос (турски Булбул), во околината на Ефес, 7км оддалеченост од градот Селчук. Куќата е откриена во 19 век, по раскажувањата на визиите на германската католичка монахиња Ана Катерина Емерих. Нејзините визии биле поврзани со престојот на Дева Марија во последните години од нејзиниот живот на оваа локација, која се смета дека тука дошла заедно со Св.Јован којшто го ширел Христијанството на овие простори. Во 1891 година историчари од Измир откриле градби на истото место за кое што зборувала монахињата и соодветствувале со нејзиниот опис.

Куќата е прогласена за религиозен храм од страна на Римо-католичката црква официјално во 1896 година кога била посетена од страна на папата Лео XIII. Во 1980 папата Јован Павле II за време на неговата посета го прогласил храмот за место за аџилак за Христијаните. За посетителите е отворен за посета централниот дел од куќата и соба која што се наоѓа десно од олтарот. Секоја година на 15ти август во храмот се прославува успението на Пресвета Богородица.

ИЗМИР

Градот Измир се наоѓа во југозападна Турција, во Измирскиот залив на Егејското море. Се смета дека е една од најстарите населби на Медитеранот. Градот кој што е трет по големина во Турција го има второто по големина пристаниште во државата. Градот познат како “Бисерот на егејот” во антиката бил познат под името Смирна.

Измир е еден од најпознатите монденски центри, либерален со карактеристичен изглед, стил и динамичност, со силна улога во политичкиот и економскиот свет.

Како главни знаменитости во градот се: Саат кулата која се наоѓа во средината на плоштадот Конак која е висока 25 метри. Околу кулата се наоѓаат 4 фонтани во кружен облик со северно-аафрикански примеси во архитектонска смисла. Исто така на ридот Кадифекале се наоѓа Агората на Смирна каде што се претпоставува дека има амфитеатар кој што сеуште не пронајден од археолозите. Хисар Џамијата е исто така една од симболите на османлиската архитектура. Градот Измир е познат универзитетски и образовен центар каде што има голем број на универзитети.

Страницата е посетена:

729

Печати

Share this product