Солун - Атос ( Ставрос ) со поаѓање од Охрид

1 ден (24.05.2018 – четврток): ОХРИД - БИТОЛА – СТАВРОС

Состанок на групата во 04:00 часот . Поаѓање  за Грција. Пред пладне, пристигнување на центарот на Солун. Слободно време за прошетки, крстарење, посета на плоштадот Аристотелис, црквата св. Димитрија. Околу пладне продолжување на патувањето кон Ставрос. Пристигнување во Ставрос во попладневните часови. Сместување во двокреветни и трокреветни соби во вила Ципос. Слободно време. Ноќевање.

2 ден (25.05.2018 – петок): СТАВРОС

Слободен ден за запознавање со местото, прошетки, уживање покрај плажа.

3 ден (26.05.2018 – сабота): СТАВРОС – АЛИСТРАТИ – КАВАЛА

Во утринските часови поаѓање за факултативна посета на пештерата Алистрати и Кавала со стручен водич. Пристигнување во областа Алистрати пред пладне. Посета на пештерата Алистрати, која зафаќа површина од 14.000м2 и е најубава и  најбогата со природни формации пештера во Грција, а можеби и Европа.  Излетот продолжува со посета на Кавала, белиот град покрај море. Разглед на градот и слободно време за ручек, прошетки, шопинг и уживање покрај море. Во доцните попладневни часови враќање во Ставрос. Ноќевање.

4 ден (27.05.2018 – недела): СТАВРОС – АТОС- БИТОЛА - ОХРИД

Во утринските часови, напуштање на собите и заминување за факултативен излет на Атос – третиот крак, со стручен водич. Излетот започнува со посета на Стагире – родното место на Аристотел. Упатување кон Уранополис, пред границата со Света Гора – манастирската држава. Крстарење покрај Света Гора со можност да се видат 8 од манастирите со обајснување од стручниот водич за секој манастир одделно. После крстарењето враќање во Уранополис. Слободно време за ручек, прошетки и запознавање со градчето. Во попладневните часови враќање кон Ставрос, со попатна посета на манастирот Каково. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Охрид во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 3.840,00 денари

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања во вила Ципос во Ставрос
  • посета на центарот на Солун
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • патничкото осигурување
  • излет со стручен водич и крстарење на Атос - 20€ по лице (мин. 30 за реализација)
  • посета на Алистрати и Кавала со стручен водич - 15€ по лице (мин. 30 за реализација)

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Страницата е посетена:

156

Печати

Share this product