Тасос со поаѓање од Охрид

1 ден (24.05.2018 – четврток): БИТОЛА – ТАСОС

Состанок на групата во 02:30 часот . Поаѓање за Грција. Патување до Керамоти со кратки попатни одмори, покрај Воден, Јаница, Солун, Кавала. Пристигнување во Керамоти околу пладне.  Трансфер со траект до Лименас, главниот град на Тасос. Продолжување на патувањето до Лименарија. Пристигнување после пладне. Сместување во апартмани и студија. Во вечерните часови, факултативна организирана грчка вечер во внатрешноста на островот, местото Теологос, познато по вкусните специјалитети од јарешко месо на жар. Ноќевање.

2 ден (25.05.2018 – петок): ТАСОС

Во утринските часови, факултативно повеќечасовно крстарење со брод со вклучени два оброци или слободен ден за запознававање со местото, уживање на плажата во Лименарија или на плажата Металиа. Враќање од крстарењето во Лименарија во попладневните часови. Слободно време за прошетки и посета на некоја од бројните таверни. Ноќевање.

3 ден (26.05.2018 – сабота): ТАСОС

Во утринските часови, состанок на групата и поаѓање за факултативна прошетка низ островот и запознавање со неговите главни обележја. Посета на Манастирот Св. Архангел Михаил, изграден на самите карпи, во прекрасна природа. Околу манастирот има бројни приказни за моќта на светецот за исполнување на желби и исцелување на болни. Патувањето продолжува со посета на полуостровот Алики. Слободно време за капење во неверојатно провидната вода, уживање на плажа или посета на археолошиот локалитет на островот. Продолжување на патувањето со посета на Панагиа, традиционалното градче во североисточниот дел на островот, кое пружа одличен поглед на морето и планините, каде може да купите мед со плодови и да ги посетите легендарните извори на љубовта. Враќање во Лименарија. Ноќевање.

4 ден (27.05.2018 – недела): ТАСОС – КАВАЛА – БИТОЛА

Во утринските часови, напуштање на собите и поаѓање за Македонија. Пристигнување во Лименас, трансфер со траект до Кермоти. Попатно, посета на Кавала. Слободно време за индивидуални прошетки, ручек, одмор покрај море. Во попладневните часови продолжување на патувањето. Пристигнување во Мк во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 4.840,00 денари

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања во студија и апартмани во Лименарија
  • Посета на Кавала
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Организирано крстарење со брод - 20€ по лице (мин. 30 за реализација)
  • Полудневен излет на островот - 5€ по лице (мин. 30 за реализација)
  • Организирана грчка вечер во Теологос - 20€ по лице (мин. 20 за реализација)

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Страницата е посетена:

126

Печати

Share this product