Рим - со превоз од Охрид

1 ден (22.05.2018 – вторник): БИТОЛА

Трансфер од Охрид до Битола. Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во Битола во 15.00 часот. Поаѓање за Италија преку Драч или Игуменица во 15.30 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч или Игуменица и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот.

2 ден (23.05.2018 – среда): БАРИ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Рим. Пристигнување во Рим во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за ноќна прошетка низ Рим. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

3 ден (24.05.2018 – четврток): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. По појадокот – упатување кон црквата Сан Клементе каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Проследување на празничната литургија. Продолжуање на разгледот на Рим: Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Форумот на Цар Трајан, Кампидолио, Пјаца Венеција, Виа дел Корзо, Фонтанади Треви… слбодно време за шопинг и прошетки во срцето на Рим. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден (25.05.2018 – петок): РИМ

Појадок. После појадокот организиран разглед на Ватикан и Рим со стручен водич. Факултативна посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела. Разгледот продолжува со посета на базиликата „Св.Петар“, Кастел Сан Анџело, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Шпанските скали... Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (26.05.2018 – сабота): РИМ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Доколу е временски возможно, попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Бари и трансфер на брод. Планирано поаѓање за Игуменица или Драч околу 19:00 часот.

 

6 ден (27.05.2018 – недела): БИТОЛА

Во утринските часови патувањето продолжува кон Битола. Пристигнување во Битола во пладневните часови. Трансфер до Охрид.

 

Цена на аранжманот: 13.840,00 денари

-Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во Рим во хотел со 3*
  • разглед на Рим со стручен водич
  • посета на Сан Клементе и гробот на Св. Кирил
  • бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч или Игуменица – Бари и обратно
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за индивидуални посети и екскурзии
  • Влезници и водич за Ватиканските музеи и Сикстинската Капела – 35€ по лице (задолжителна резервација и уплата при резервација на аранжманот)
  • Билетите за метро во Рим (1,5€ по лице од правец)
  • Патничкото осигурување
  • Доплата за бродска кабина
  • Задолжителна туристичка такса, по лице, на ден (се плаќа на рецепција во хотел)

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и СКТМ.

Страницата е посетена:

809

Печати

Share this product