Истанбул 2 ноќи (со поаѓање од Охрид)

1 ден (среда – 23.05.2018): БИТОЛА

Трансфер од Охрид до Битола.Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

2 ден (четврток – 24.05.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Посета на атрактивниот трговски центар Венеција. Слободно време за одмор, шопинг, прошетка или возење со гондола. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Во попладневните часови, факултативна посета со стручен водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (петок – 25.05.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: плоштадот Султанахмет, Аја Софија (Света Софија), Топ Капи – Палатата на султаните, Сината Џамија. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. После паузата, продолжување кон Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден (сабота – 26.05.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот, со жичара. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. После факултативниот излет, следува панорамски разглед на градот со посета на маалото Ортакој. После пладне поаѓање за Македонија.

6 ден (недела – 27.05.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови. Трансфер до Охрид.

Цена на аранжманот: 4.840,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај
  • Панорамски разглед на градот со стручен водич
  • Посета на трговски центар Венеција
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15€ по лице
  • Пешачки разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор со стручен водич и  посета на Pierre Loti со жичара – 20€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Елида Турс и СКТМ.

Страницата е посетена:

735

Печати

Share this product