ЈАНИНА - ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА 24мај

Откријте ги убавините на Епир и доживејте ја магијата на еден од најважните градови во Грчката историја.

24.05.2018 : Собир на групата во  06:00 часот наутро и поаѓање кој Јанина преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Јанина во 09:30 часот.

Патување со брод кон островот на езерото Памвотис и разгледување на прекрасното градче на островот кој што брои 6 цркви и изобилува со сувенирници и традиционални локални производи.

Посета на Црквата Св.Пантелејмон , каде што се наоѓаат моштите на Али Паша кој бил најзначаен владетел на регионот воедно и посета на Музејот на Али Паша кој што изобилува со значајни артефакти кои датираат од 1400 година.

Враќање со брод кон Јанина и посета на Замокот Јанина во самиот центар на градот , административното срце на Епирскиот деспот и Отоманскиот вилает.Разглед на замокот кој е составен од две тврдини во кое се наоѓаат византиските и отоманските бањи , отоманската библиотека , Џамијата Фетхие , византиски музеј и најстарата еврејска синагога која се смета за една од најстарите градби во Грција.

Слободно индивидуално време за посета и разглед на центарот на Јанина кој што брои многу таверни , модерни кафулиња , продавници за сувенири , бутици и слично.

Собир на групата во 16:00 во Јанина и поаѓање кон хипермаркетот Икеа Јанина кој е состоен од JUMBO , SUPERSPORT , IKEA , H&M . Една часовна пауза и време за шопинг во трговскиот центар.Поаѓање од IKEA кон Р.Македонија во попладневните часови.

Цена на аранжманот : 30 евра / 1860 денари по лице

Во цената е вклучено :

-          Превоз со висококвалитетен туристички автобус на релација Битола – Јанина – Битола

-          Крстарење на езерото Памвотис со брод

-          Влез во црвката Св.Пантелејмон и музејот Али Паша

-          Водство и пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено :

-          Патничко осигурање

-          Индивидуални трошоци

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници во спротивно организаторот смее да ја откаже до пет дена пред тргнување.

Страницата е посетена:

189

Печати

Share this product