Прага 3НП сигурна реализација

Прага - 3НП - 24ти Мај

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 23 Мај

1 ден  23.05.2018СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 13:30ч. Поаѓање на автобусот во 14:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 24.05.2018ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  25.05.2018ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.

4 ден   26.05.2018 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање

5 ден  27.05.2018 ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ...  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.

6 ден  28.05.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.04.2018: 159 евра / 9.860денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 евра / 10.480 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета и разглед  на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 160мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  (10€)
  • Факултативен излет Карлови Вари (25€
  • Факултативен излет Дрезден (30€)
  • Крстарење со брод по Влтава  (15€)
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (35€)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Елида Дооел
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

Страницата е посетена:

260

Печати

Share this product