Мајски викенд во РИМ

25.05 – 28.05.2018

Авионска програма

Сите патишта водат во РИМ... Рим е градот и лулката на цивилизацијата, архитектурата, уметноста, религијата, надополнување на античката архитектура и изразеното мајсторство на римската архитектура и уметност. Седиштето на “светата столица” - Ватикан е во самото срце на Рим, каде се наоѓа најголемата катедрала во светот -”Св. Петар”.

25.05.2018 (петок) Скопје – Рим

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 12:00 часот.Авионот од Скопје полетува во 13:40 часот со WIZZAIR.Пристигнување во Рим (на аеродромот Чиампино 15:25 по локално време). Организиран . разглед на Рим со локален водич и бус: Катедралата Св.Џовани - Латерано, црквата на Пресвета Богородица,Плоштадот Де ла република,Виа Национале,Пјаца Барберини,Виа Венето,замокот Св.Ангело, Вила Боргезе, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (фонтаната на желбите), Пантеонот (најмонументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа Дел Корзо.... Во договореното време по разгледот на градот враќање во хотел. Ноќевање.

26.05.2018 (сабота) Рим – Ватикан

Појадок. Во договореното време заминување во центарот на градот со метро. Можност за индивидуални прошетки или шопинг во шопинг центар во Рим. Во договореното време средба со локалниот водич и заминување за Ватикан, посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Катедралата  Св.Петар,Сикстинската Капела, разглед на делата од Микеланџело, Рафаело... Враќање во хотел. Ноќевање.

27.05.2018 (недела) Рим –  Тиволи

Појадок. После појадокот предлагаме прекрасен излет до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтании познатата вила Д`Есте (градена во импозантен барок стил), која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во Рим. Можност за шопинг во центарот на Рим и враќање во хотел со метро во договореното време во попладневните часови. Ноќевање.

28.05.2018 (понеделник) Рим – Македонија

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Организиран трансфер до аеродром Чиампино.Полетување за Скопје во 16:00 часот. Пристигнување во Скопје во 17:35 часот.

Цена на аранжманот за уплата до 20 Април 2018 :

319 евра (19.780 денари)

Редовна цена:

339 евра (21.000 денари)

Во цената е пресметано:
- авионски превоз на релација Скопје - Рим - Скопје;
- аеродромски такси
- рачен багаж макс.10 кг. – димензии (55х40х23)
- сместување во хотел со 3* во близина на центарот во Рим на база 3 ноќевања со појадок;
- разгледување  на Рим со локален водич;
- трансфер аеродром - хотел - аеродром;
- организација и придружник на патувањето.

Во цената не е пресметано:
- здравствено  патничко осигурување - 250 ден (задолжително);
- превоз, влез и разглед на Ватикан со локален водич - 40 евра;
- превоз, влез и разглед на Тиволи со локален водич - 40 евра;
- туристичка такса – 4 евра од ден по лице;
- метро карти;
- сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги.

Страницата е посетена:

326

Печати

Share this product