Будва-Котор-Дубровник-Острог (со превоз од Охрид)

1 ден: 23.05.2018

Поаѓање од паркинг пред Спортска сала во Битола во 22:00 часот со туристички автобус, патот води преку Албанија за Будва.

2 ден: 24.05.2018

Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје. Сместување во апартмани. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите св. Иван, св. Марија, плоштадот. Ноќевање.

3 ден: 25.05.2018

Ден предвиден за целодневен факултативен излет до: Котор каде што ќе го посетиме Стариот стариот дел на Котор при што можи да се види: Катедралата на св. Трипун, a после тоа преку  Бокакоторскиот залив продолжуваме према Дубровник. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, црквата св. Влах, Дубровачката катедрала итн. Во попладневните сати го напуштаме Дубровник и се упатуваме према Тиват каде што ќе го посетиме најмонденското место ПОРТО МОНТЕНЕГРО, a после тоа продолжуваме према Будва. Враќање во Будва во вечерните сати. Ноќевање.

4 ден: 26.05.2018

Ден предвиден за индивидуални активности.Ноќевање.

5 ден: 27.05.2018

Факултативен целодневен излет до Острог,сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и секако најпосетуван манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Остришки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. После тоа се упатуваме према Подгорица и ќе го посетиме храмот на Христовото Воскресение, и во попладневните сати поаѓање за МК. Пристигнување во вечерните сати.Крај на програмата

Цена:    4.300 - ден

Во цената е вклучено:

автобуски превоз за дадена релација;

3 ноќевања во апартмани во Будва;

организација и водство на патувањето;

Во цената не е вклучено:

-          целодневен излет до Дубровник и Котор – (20 еур);

-          Посета на  Остришки манастир – ( 5 еур);

-          влезници за културно историски споменици;

-          превоз од Долниот до Горниот ман. Острог – повратна – (2 еур)

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници

За овај аранжман важат општите услови за патување на Елида Турс

Страницата е посетена:

630

Печати

Share this product