Париз со авион

24 - ТИ МАЈ ВО ПАРИЗ

(25.05 - 28.05.2018)


Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква.... Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен со многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100км метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш и никого не остава рамнодушен. Проверете  зошто е тоа така...

ПРОГРАМА

1 ден (25.05.2018 - Петок) | Скопје - Буве - Париз

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 16:10 часот. Полетување за Париз во 18:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air . Пристигање на аеродромот Beauvais во 21:05 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 км). Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (26.05.2018 - Сабота) | Разглед на Париз - Версај

Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (метро и пешки), ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbona, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. По разледот предлагаме факултативна посета на величенствениот дворец  Версај (15 км. со рер). Версај е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек дело на уметноста од 17 - ти век. (во разгледот не се вклучени градините) Враќање назад кон Париз (15 км). Слободно време. Враќање во хотел со метро.  Ноќевање.

3 ден (27.05.2018 - Недела) | Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена - Мулен Руж

Појадок. По појадокот се упатуваме во факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр, со локален водич, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви до нивната преселба во Версај, и каде сега се наоѓаат околу  65.300  уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневни часови посета на Ајфеловата кула и можност да уживате во неверојатната панорамска глетка од третиот  спрат на тоа уникатно архитектонско здание. По посетата на Ајфеловата кула предлагаме едночасовно Крстарење по Сена, да пројдете низ многубројните мостови и да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот, а може и да прошетате низ познатата  Пигал улица. Ноќевање.

4 ден (28.05.2018 - Понеделник) |  Монмартр - Сакре Кер - Буве - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро во придружба на нашиот водич се стигнува  до плоштадот на уметниците. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде може да уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални прошетки до тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје 21:40 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 00:25 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 349 € / 21.638 ден.

Доплата за еднокреветна соба: 105€ / 6.510 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Бове – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Голема кабинска торба од 10кг (56 x 45 x 25 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел Ibis Paris la Defense Centre 3* на услуга BB ( ноќевање со појадок );
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси – 3.720 ден;
  • Туристичка такса 1.32 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14,1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција).

Дизниленд

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз -рер.

Цената за Дизниленд варира и се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.

ФАКУЛТАТИВИ

Пакети:

  • Панорамски разглед и посета на Версај – 70 €;
  • Лувр, Ајфелова кула, крстарење по Сена – 69€ / 77€;

Цени за уплата во агенција:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич – 25 €;
  • Посета на Версај, 50 евра вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 22 €, до трет кат - 30 €(со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена – 15 €;
  • Посета на Лувр 37€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Посета на Moulin Rouge - 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација).

Цени за уплата на лице место:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич – 30 €;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 25 €, до треткат - 33 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена – 18 €;
  • Посета на Moulin Rouge - 125 € (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ).

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 30.08.2018 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Страницата е посетена:

409

Печати

Share this product