Концерт Андре Риеу - Загреб

Andre Rieu се претставуа во Загреб во најново ШОУ издание, заедно со неговиот оркестар “Johann Strauss” ској ќе ве воодушеви со гламурозниот перформанс. Маестрото ќе диригира и ќе музицира со светски најпознатата виолина на STRADIVARIUS со што ке создаде колоритен концерт полн со изненадуања. Репертоарот се состои од романтични, емоционални балади па се до најраскошните и најпознатите валцери. Доживејте ја магијата на Andre Rieu, во една специјална и незаборавна вечер, и уверете се зошто Andre Reiu, е еден од најпознатите светски изведувачи во живо, последниве неколку години.



1 ден 18.05.2018 Скопје – Загреб

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 18:30 ч. и поаѓање за Загреб во 19:00. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 19.05.2018 Загреб концерт- Концерт “Andre Rieu “

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание…. слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнвните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор.Организирано поаѓање кон Арена Загреб каде ќе имате можност да го проследите концертот на маестралниот Andre Rieu. По завршување на концертот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 20.05.2018 Загреб- Плитвички езера- Скопје

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Предлагаме целодневна факултативна посета на Плитвички Езера. Национален парк во близина на патот Загреб-Далмација, прогласен уште во 1949 година, а под заштита на УНЕСКО влегува во 1979 како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро. За оние кои нема да заминат на факултативна посета, предлагаме прошетка низ Загреб(индивидуално) се до планираниот состанок на групата на договорено место и време во Загреб по што ќе следи поаѓање за Скопје.Ноќно возење со паузи за царински и гранични формалности.

4 ден 21.05.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 134/8.300ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел во Загреб со 3* на база на 1 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за Концертот на “Andre Rieu” (превоз+влезинца) Арена Загреб / Сектор: Tрибина долу Б
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен факултативен излет НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЛИТВИЦЕ (превоз + влезница + водич) – 45€
  • Патничко осигурување – 5€

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Елида Турс и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

Страницата е посетена:

241

Печати

Share this product