Хармоникашот Филип Гаврилоски прв на Меѓународниот натпревар во Сараево

На Интернационалниот натпревар „Акордеон Арт“ што се одржа во Источно Сараево во Босна и Херцеговина, првата награда ја освои младиот хармоникаш, охриѓанецот Филип Гаврилоски, ученик на ОМУ „Методи Патче“.

 |   | 
Filip Gavriloski
Филип Гаврилоски

Filip GavriloskiНа Интернационалниот натпревар „Акордеон Арт“ што се одржа во Источно Сараево во Босна и Херцеговина, првата награда ја освои младиот хармоникаш, охриѓанецот Филип Гаврилоски, ученик на ОМУ „Методи Патче“.

Натпреварот се одржа од 27 до 30 април, во девет категории во една дисциплина и тоа солисти на хармоника – академска изведба.

Надежниот Гаврилоски, инаку ученик на професорот Наумче Џуклески, беше најдобар во својата категорија на натпреварот што важи за еден од најдобрите во светот, и според квалитетот и според бројот на учесници.

Потврда за високото реноме на натпреварувањето е фактот за време на одржувањето во Сараево беа присутни голем број хармоникаши од светска класа, а во жирито беа и познатите Владимир Зубицки од Украина, Борис Јегоров и Александар Склјаров од Русија, Андреа Брумец од Словенија, Финецот Јука Пела Кусела, Мајли Двејтис од Нов Зеланд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top