Гимназијалците матурата и годинава ќе ја слават во х. Десарет

Матурантите од св Климент Охридски, заедничката прослава традиционално ќе ја направат во хотелот Десарет.

 |  Маленкова Татјана  | 
Naum Rilkovski
Наум Рилковски

Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф.

„Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се Naum Rilkovskiоколу 370 како бројка  дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките и здравствената струка и по нивно укажување се одбра тој хотел“, вели директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски.  
 
Рилковски вели дека комисија ја одбрала и фирмата која ќе ги работи сликите за таблото. Тој додава дека при изборот се водело сметка на квалитетот, но пред се на понудената цена.
Првиот човек на охридската гиназија тврди дека цените кои годинава ќе ги платат учениците се исти како и претходните години. Тој е категоричен и отворен за средба со сите загрижени родители кои сметаат дека годинава на учениците нешто им е скратено или дека плаќаат повеќе да им ја  презентира целата докуменација која јасно покажува дека е избран најнискиот понудувач.
Во однос на сликањето цената која ќе ја платат матурантите од Св Климент  е 480 денари. За овие пари учениците ќе добијат  4 слики  и  мини табло. Во делот на алманахот со тутурката цената е 580 денари,а во делот на матурската вечер за хотелот 1250 денари. Во оваа цена не е вклучен превозот.

ponuda maturska vecer „Во цената има ладно предјадење, главно јадење, салати пијалоци има два безалхохолни затоа што несмееме, несакаме и не е пожелно во менито кое го бараме како понудада стои алхохолен пијалок бидејќи таа е во организација на самото училиште“, вели Рилковски.

Рилковски открива дека како и секоја година така и оваа училиштето има добра соработка со полицијата од каде учениците веќе добиле насоки како треба да се однесуваат.

Првиот човек на Охридската гиманзија вели дека доколку некој има потреба да му се помогне во делот на плаќањето, дали да им помогне да платат на повеже рати или социјални случаи, тие се тука за да им помогнат. Но тој е категоричен дека тоа ќе го направат со задоволство само доколку некој навистина има потреба, а никако  доколку е тенденциозно.  Инаку досега биле пријавени неколку деца кои потекнуваат од  слоцијално загрозени семјства кои се обратиле за помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top